Монголска Народна Република

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Народна Република Монголија
Бүгд Найрамдах Монгол Ард Улс
Bügd Nairamdakh Mongol Ard Uls

1924–1992
Знаме Грб
Карта на НР Монголија 1985
Главен град Улан Батор
Јазици монголски
Уредување Социјалистичка република
Премиер Хорлогин Чојбалсан
Јумџагин Цеденбал
Историски период Студена Војна
 -  Основана 24 ноември 1924
 -  распадната 13 февруари 1992
Површина 1.564.116 км²
Валута Монголски тогрог

Монголската Народна Република (Бүгд Найрамдах Монгол Ард Улс) била комунистичка република во Централна Азија што постоела од 1924 до 1992 година. Државата ја водела Монголската Народна Револуционерна Партија.

Формирање[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Монголија.

Од 1691 до 1911, Надворешна Монголија била владеена од Кинг династијата. Во првата декада на 20 век, династијата Кинг почнала со имплементирање на т.н. Нова Политика, со цел спојување на Надворешна Монголија со Кина. Вознемирен од кинеската колонизација на Надворешна Монголија, во 19 век, монголските благородници се свртеле кон соработка со царска Русија за подршка. Во август 1911, монголска делегација заминала за Санкт Петербург и се здобиле со посакуваната подршка. Кога тие се вратиле во Монголија, Шингајската Револуција започнала во Кина и во декември 1911 монголците ја одбиле кинеската власт и прогласиле независност на територијата на Их ханат под водство на осмиот Џебцундамба Хутугту, кој бил назначен од Богд Хан. Обидите да се приклучи и Внатрешна Монголија кон новата држава пропаднале, поради Русија, бидејќи таа имала тајни договори со Јапонија и плановите токму поради тоа пропаднале[1].

Покрај тоа, НР Кина (тогаш Република Кина) ја искористила руската револуција и граѓанската војна за да ја зацврсти власта во Надворешна Монголија и во 1919 година монголската влада била присилена да потпише договор со кој се укинува монголската автономија. За време на кинеската окупација се формирала Монголската Народна Партија (МНП) која побарала помош од Русија за отфрлување на кинеската власт. Во меѓу време, руските трупи предводени од Роман Унгерн вон Штернберг го окупирале Хуре во март 1921 и се создала нова влада со која повторно се отфрлила кинеската власт. Во следните месеци, Унгерн и кинеските трупи биле протерани од Монголија кога советските трупи и МНП ја превзеле контролата над Монголија. Партијата создала нова влада но го сочувала Богд Хан како водач на Монголија. Во следните години, советското влијание станало уште посилно и по смртта на Богд Хан, се формирала новата Монголска Народна Република со комунистичко општествено уредување.

Видете исто така[уреди]


Наводи[уреди]

  1. C.R. Bawden, The modern history of Mongolia, London 1968, p. 191-201