Ајмаци
Од Википедија, слободната енциклопедија
Ајмаци е термин што се користи за означување номадски или полу-номадски племиња со мешани монголско и иранско потекло. Племињата живеат во северен и северозападен Авганистан и Иран[1].
Тие се блиски со хазарците и во мал степен со таџиците. Тие живеат во провинциите: Гор, Ферах, Херат, Бадгис, Фарјаб, Џовзџан и Сар е Пол. Името потекнува од монголскиот назив за племе.
Тие се познати како чахар или (четирите) ејмаки, бидејќи биле четири племиња: тајманците, ферозхоите, темурите и џамшидите.
[уреди] Наводи
- ↑ Janata, A.. „AYMĀQ“. Encyclopædia Iranica. Изд. Ehsan Yarshater. United States: Columbia University.
[уреди] Понатамошно читање
- Мекгрегор, Централна Азија, (Калкута, 1871)
|
|||||||||||||||||||||||
