Онон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Онон
Онон гол
Река
Онон во покраината Хентиј
Земји Монголија, Русија
Покраина Хентиј
Извор
 - место венец Хентиј
Утока Шилка
Должина 817 км
Слив 94.010 км²

Онон (монголски: Онон гол, руски: Оно́н) — река во Монголија и Русија долга 818 км, со сливна површина од 94.010 км². Извира во источните падини на венецот Хентиј. Тече низ Монголија во должина од 298 км. Потоа се спојува со реката Ингода и така ја образува Шилка. Реката претежно се напојува со топење на планинските снегови.[1]

Збирното течение на Онон, Шилка и Амур дава една од десетте најдолги реки во светот (818 км + 560 км + 2.874 км).

Во историјата[уреди]

Горното течение на Онон е едно од подрачјата што се смета за родно место на Џингис Кан.

Книжевно-историографското дело „Тајната историја на Монголците“ (XIII век) вели:

На светот дојде еден „Борте Чоно“ (синосив волк) кому судбината му беше од горе пишана. Жена му беше „Гуа Марал“ (убава срна). Го преминаа внатрешното море, и кога се залогорија кај изворот на реката Онон со поглед на Бурхан Халдун, го добија првородениот, наречен Бат Цаган.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]