Ноград
| Ноград Nógrád megye |
|
| Регион | Северна Унгарија |
| Административен центар | Шалготарјан |
| Површина | 2.544,18 km² |
| Население | 210.182 (2008) |
| Густина на населението | 82,6 /km² |
| Број на населени места | 131 |
| Веб страница | www.nograd.hu/ |
Ноград (унгарски: Nógrád) е еден од 19те окрузи на Унгарија. Ноград се наоѓа во северна Унгарија. Своите граници ги дели со Словачка и унгарските окрузи Пешта, Хевеш, Боршод-Абауј-Земплен . Главен административен центар на округот е Шалготарјан. Површината изнесува 2544 km².
Ноград е познат по неговата историска архитектура, која ги вклучува античките готски цркви и камените замоци кои датираат од 13 век. Други историски атракции се и барок зградите кои се изградени во 18 век. [1] Поголемиот дел од северната граница на округот ја формира реката Иполи. Делови од планиниските вериги Борсони, Черхат и Матра лежат во округот.
Поради планините, округот се карактеризира со мали селцат кои се сместени во ридовите. Најголемите градски населби во округот се Баласѓармат, поранешната столица на округот и Шалготарјан кој станал индустриски центар во раниот 20 век, како резултат на ближните рудници.[2]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Ноград“ |
- Официјална веб-страница
- Ноград.нет
- Врски поврзани за округот
- Карта на округот
- Туристички водич
- Фотографии на Ноград и Шалготарјан
- Статистички податоци од 2007.

