Ваш (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ваш
Vas megye
Грб на округот
VasCounty.gif
Регион Западен прекудунавски регион
Административен центар Сомбатхељ
Површина 3.336,20 km²
Население 261.877 (2008)
Густина на населението 78 /km²
Број на населени места 216
Веб страница www.vas.hu

Ваш (унгарски: Vas; германски: Eisenburg; словенечки: Železna županija) е името на административниот округ (comitatus или megye) во денешна Унгарија, а исто така и во поранешното Кралство Унгарија. Главен на округот е Сомбатхељ.

Географија[уреди]

Округот Ваш се наоѓа во западна Унгарија. Своите граници ги дели со Австрија и Словенија, како и со унгарските окрузи: Ѓер-Мошон-Шопрон, Веспрем и Зала. Главен административен центар со целосни права е градот Сомбатхељ. Ваш зафаќа површина од 3,336 km².

Историја[уреди]

Ваш е исто така и името на историскиот административен округ (comitatus) на поранешното Кралство Унгарија. Неговата територија денеска се наоѓа во западна Унгарија, источна Австрија и источна Словенија. Главен град на округот бил Сомбатхељ.

Округот Ваш бил една од првите окрузи на Кралството Унгарија.

Во 1918 (подоцна потврдено и со Договорот од Тријанон 1920), западниот дел на округот станал дел од новата австриска земја Бургенленд, и мал дел во југозападот познат како Вендвидек станал дел од новоформираното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (Југославија). Во областа Вендвидек во 1919 година, била создадена непризнатата држава Прекмурје, како и во Бургеленд, Република Лајтабансаг. Останатиот дел останал во Унгарија, во границите на денешниот округ. Мал дел од порашениот округ Сопрон, станал дел од Ваш. Некои села северно од Залаегерсег, станале дел од округот Зала и смал регион западно од Папа, станал дел од Веспрем округот.

Од 1991 година, кога Словенија се здоби со независносто од Југославија, југословенскиот дел од поранешниот Ваш округ, денеска е дел од Словенија.

Округот Ваш претставува дома на мало словенско малцинство, коешто живее во областа помеѓу градот Шентготхард и словенската граница.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]


35п| Окрузи на Унгарија
Бач-Кишкун  •  Барања  •  Бекеш  •  Боршод-Абауј-Земплен  •  Чонград  •  Фејер  •  Ѓер-Мошон-Шопрон  •  Хајду-Бихар  •  Хевеш  •  Јас-Наѓкун-Солнок  •  Комаром-Естергом  •  Ноград  •  Пешта  •  Шомоѓ  •  Саболч-Сатмар-Берег  •  Толна  •  Ваш  •  Веспрем  •  Зала  •  Фотографии