Веспрем
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| унг: Veszprém мак: Веспрем |
|||
|---|---|---|---|
| Панорама на градот. | |||
|
|||
| Држава | |||
| Округ | Веспрем | ||
| Површина | |||
| - Вкупна | 12.693 km2 (4.900,8 sq mi) | ||
| Население (2009) | |||
| - Вкупно | 63.405 | ||
| - Густина | 480/km2 (1.243,2/sq mi) | ||
| Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
| - Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Поштенски код | 8200 | ||
| Повик. бр. | 88 | ||
| Мреж. место | http://www.veszprem.hu/ | ||
Веспрем (унгарски: Veszprém; словенечки: Belomost) е значаен и еден од најстарите градови во Унгарија, сместен во средишниот дел на државата. Веспрем е главен административен центар на округот со исто име Веспрем.
Според податоците од 2008, градот има население од 62.286 луѓе.
Содржина |
[уреди] Географија
Веспрем се наоѓа во средишниот дел на Унгарија. Од престолнината на унгарската држава Будимпешта, е оддалечен околу 110 километри западно. Со главниот град, Веспрем е поврзан со современиот автопат М7. Од езерото Балатон е оддалечен 15 км на север.
Градот се наоѓа во средишниот дел на Панонската низина, во средиштето на панонското брдо, кое се наоѓа северно од Балатон. Градот нема река. Климата е умереноконтинентална.
[уреди] Историја
Првите траги од човечки населби на територијата на Веспрем, се врзани со праисторијата. Посебно е значајно франското владеење во раниот среден век, кога на оваа територија е подигнат замок, кој го затекнале Унгарците по доселувањето во Панонија.
Веспрем бил многу значаен во раната унгарска историја, посебно по прашањето на развојот на Католицизмот. Градот претставува прво христијанско средиште на унгарско тло - во 1009 година овде била основана архиепископијата.
Во средината на 16 век, градот го заземаат Отоманците и населбата пропаѓа. Во 1688 година кралот Леополд I Хабзбуршки успева да го ослободи градот од отоманското ропство и градот наскоро добива градски права. Со власта на Хабсбурците, во игра се враќа и католичката црква. Во 18 век градот нагло се развива и станува значајно културно и управно средиште.
За време на Унгарската револуција 1848/1849 год. Веспрем немал значајна улога, па поради тоа и не настрадал многу. После револуцијата градот брзо се подигнал и набргу добил и железничка врска со Будимпешта. Исто така во овој период биле подигнати и голем број на нови градби, а бројот на населението во градот се зголемил.
После Првата светска војна, градот се нашол во рамките на новооснованата унгарска држава. За време на другата половина на 20 век, градот уште повеќе се развил и се зголемил бројот на населениет. За време на изминативе години на унгарската транзиција, поради поволната положба помеѓу престолнината и западот, градот полесно поминал низ транзиционата криза отколку некои други градови во државата.
[уреди] Население
Веспрем денеска има население од околу 62.000 луѓе, а населението во последните години расте се повеќе и повеќе. Некогашното еврејско население исчезнало во Втората светска војна.
[уреди] Етнички групи
Населението во градот според националност: (попис од 2001)
[уреди] Религија
Населението во градот според деноминации: (попис од 2001)
- Римокатолици - 57%
- Калвинисти - 9.7%
- Лутеранисти - 3%
- Други - 1.3%
- Атеисти - 19%
- Без одговор - 10%
[уреди] Галерија
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Веспрем“ |
- Официјална веб-страница
- Англиски страни на официјалната страница
- Панонски универзитет (поранешен универзитет Веспрем)
- Воздушна фотографија: Веспрем