Бекешчаба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Békéscsaba
Бекешчаба
Воздушен поглед на градот.
Воздушен поглед на градот.
Знаме на Békéscsaba БекешчабаГрб на Békéscsaba Бекешчаба
Békéscsaba Бекешчаба is located in Унгарија
Békéscsaba Бекешчаба
Békéscsaba
Бекешчаба
Координати: 46°40′44″N 21°05′28″E / 46.679° СГШ; 21.091° ИГД / 46.679; 21.091
Држава Унгарија
ОкругБекеш
Површина
 • Вкупна193,94 км2 (7,488 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно66.377
 • Густина342/км2 (890/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код5600
Повик. бр.66

Бекешчаба (унгарски: Békéscsaba, словачки: Békešská Čaba) — град кој се наоѓа во Унгарија, смештен во југоисточниот дел на земјата. Бекешчаба е административен центар на округот Бекеш.

Градот има население од 64.852 луѓе според пописот од 2008 година. Бекешчаба е главен центар на националното словачко малцинство во Унгарија.

Градот Бекешчаба од главниот град на државата, Будимпешта е оддалечен околу 220 километри југоисточно.

Градот се наоѓа во источниот дел на Панонската низинa. Градот нема река која што поминува низ него, но реката Кереш се наоѓа блиску до него - на само 10 км северно. Климата во градот е умерено континентална.

Население[уреди | уреди извор]

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Бекешчаба денеска има околу 64.000 луѓе, а бројот на населението опаѓа веќе 20 години. Некогашното бројно еврејско население целосно исчезнало во Втората светска војна.

Најголем дел од населението денеска го сочинуваат Унгарците (92%), но во градот се присутни и Словаците (6%).

Религија[уреди | уреди извор]

Според религијата Бекешчаба е доста хетерогена:

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]