Тиса

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тиса
Tisza, Tisa
Река
Земји Украина, Романија, Унгарија, Словачка, Србија
Притоки
 - леви Сомеш, Кереш, Муреш
 - десни Бодрог
Градови Сигету Мармацјеј, Хуст, Солнок, Сегед, Бечеј
Извор
 - место Источни Карпати, Украина
 - височина 2.020 м
 - координати 48°04′29″ СГШ 24°14′40″ ИГД / 
Утока Дунав
 - местоположба низводно од Нови Сад, Србија
 - координати 45°08′17″ СГШ 20°16′39″ ИГД /   [1]
Должина 965 км
Слив 156.087 км²
Истек во устието
 - просечен 792 м3
Тиса се наоѓа во Романија
извор
утока
Изворот и утоката на Тиса
Тиса и Бодрог кај Токај од горе

Тиса (српски, украински и русински: Тиса; унгарски: Tisza; романски и словачки: Tisa) — една од главните реки во Средна Европа. Извира во Украина и настанува кај Рахов како спој од Бела Тиса, (од планината Чорногора) и Црна Тиса, (од Горгањ). Тече долж границата со Романија, па влегува во Унгарија кај Тисабеч и излегува од земјата кај Сегед. Според преданијата, хунскиот водач Атила е закопан под пренасочен ракав на Тиса.

По Сегед, реката влегува во Војводина и се влева во Дунав кај селото Нови Сланкамен, образувајќи ја границата помеѓу Банат и Бачка. Оди во кратки потези и долж унгарско-украинската и унгарско-српската граница.

Сливот на Тиса зафаќа површина од 156.087 км²,[2] и долг 965 км — најголем од сие притоки на Дунав.[2] Има среден годишен истек од 792 м³/с, и со тоа учествува со 13% од дунавскиот слив.[2]

Уредување на коритото[уреди]

Некогаш Тиса течела во Унгарија цели 1.419 км, во голем дел низ Големата Унгарска Низина — една од најголемите рамници во Европа. Бидејќи реките во рамничарски предели течат мошне бавно, Тиса имала доста кривини, што редовно доведувало до поплави во поречието.

По неколку помали обиди, унгарскиот државник Иштван Сечењи го покренал уредувањето на коритото на Тиса, кое траело од 1846 до 1880 г. Со ова должината на течението во Унгарија се намалило на 966 км, покрај каналите и ракавите што играат регулативна улога.

Уреденото корито претставува еден од најголемите систми за заштита од поплави на континентот — поголем од оној на Холандија, коритото на По и Долината на Лоара.

Пловност[уреди]

Тиса е пловна во голем дел од течението, но Унгарија не дозволувала сообраќај на странски пловила сè до стапувањето во ЕУ. Реката не е пловна при суша или кога е поплавена.[3]

Поважни притоки[уреди]

Поважни притоки на Тиса се:

Градови[уреди]

Тиса тече низ следниве земји и градови (по низводен редослед):

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  • Administrația Națională Apelor Române – Cadastrul Apelor – București
  • Institutul de Meteorologie și Hidrologie – Rîurile României – București 1971

Надворешни врски[уреди]