Бобан Богатиновски
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Бобан Богатиновски | |
| Роден | Бобан Богатиновски 1971 Куманово, |
|---|---|
| Занимање | поет и раскажувач. |
Бобан Богатиновски (Куманово, 1971) е македонски поет и раскажувач[1].
[уреди] Биографија
Богатиновски е роден во Куманово, 1971 година. Автор е на книгите поезија: „Луцидни халуцинации“, „Прекрасен ден за умирање“, „Светлината е посилна“,„Барајќи карпа за молитва“ како и на романите „Соба за разговор“, „Коцкар“ и „Монотонија“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Објавувал во сите позначајни литературни списанија. Застапен е во хронолошките прегледи на помладата македонска поезија. Дел од неговата поезија е препеана и објавена на бугарски, романски, словенечки и англиски јазик. Живее и работи во Куманово.
[уреди] Наводи
- ↑ „Биографија“ (на македонски). Магор. http://magor.com.mk/avtor.asp?Index=34. проверено на 2010-12-21.