Смртта на Марко Крале

Од Википедија — слободната енциклопедија

Смртта на Марко Крале (српски: Смрт Марка Краљевиһа) - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од познатиот српски пејач на народни песни, Филип Вишњиќ.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Рано наутро, Крале Марко шета крај морето по планината Урвина, а Шарец се уморува и почнува да рони солзи. Тогаш, една самовила му кажува на Марко дека набргу ќе здогледа две елки и меѓу нив бунар, во бунарот ќе го види своето лице и ќе умре. Навистина се случува како што кажала самовилата и Марко сфаќа дека ќе умре. Затоа, за да не падне во рацете на Турците, тој го убива Шарец и го закопува, ги крши сабјата и копјето, боздоганот го фрла во морето, а потоа пишува писмо во кое наведува дека има три торби со богатство кои треба да се поделат на следниов начин: едниот дел да му се даде на оној кој ќе му го закопа телото, другиот дел го подарува на црквата, а третиот дел им го остава на сакатите и слепите. Потоа, Марко легнува крај бунарот и умира. Така, тој лежи една недела, а минувачите мислат дека спие и немаат храброст да го пробудат. Тогаш, крај бунарот поминува калуѓерот Васо од светогорскиот манастир Хиландар, заедно со својот ученик Исаија. Калуѓерот го забележува писмото што го оставил Марко и дознава дека е мртов, го зема неговото богатство, а телото му го закопува во црквата во Хиландар при што не остава никаков знак на гробот за никој да не му се одмаздува на мртвото тело на Марко.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 489.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 229-233.