Зомби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Зомби (хаитско-креолски: zonbi; Северен Мбунду: nzumbe) е поим со кој се означува мртовец оживеан по магичен пат, како на пример со помош на вештерство.[1] Фигуративно се користи за да се означи човек под хипноза, несвесен, но кој сепак може да се движи и да реагира на надворешните дразби. Од крајот на 19 век, терминот зомби станал популарен посебно во Северна Америка и во европскиот фолклор.

Зомбите се многу популарни во модерната хорор фикција, главно поради успехот на филмот Ноќта на живиот мртовец од 1968 година на Џорџ А.Ромеро кој придонесе ликот на зомби да се искористи како главна тема во разни книги филмови и телевизиски емисии.[2] Зомби фантастиката во моментот претставува значителено важен хорорски под жарн во која најчесто се опишуваат настани поврзани со истребувањето на цивилизацијата поради тоа што повеќето од населението се претвараат во зомби кои јадат човечко месо. Чудовиштата најчесто се крволочно жедни по човечкото месо, но особено омилен им е човековиот мозок. Понекогаш самите зомби се жртви на измислена пандемска болест која ги воскреснува мртвите или пак ги принудува живите да се однесуваат на тој начин, но најчесто причината поради која настанала болеста не е дадена во приказната.

Религија[уреди]

Западно-африканска вуду религија[уреди]

Според принципите на западно-африканската вуду религија мртов човек може да биде оживеан само од бокор или од волшебник. Зомбите се контролираат од страна на бокорот, бидејќи тие не се во состојба свесно да донесуваат одлуки. Исто така поимот зомби е и другото име на вуду змијата Ива Дамбала Ведо, поимот е од нигерско-конгоанско потекло и е доста сличен на поимот нзамби во конгоанскиот киконго јазик, кој значи Бог. Во рамките на западно–африканската вуду традиција постои астралното зомби, дел од човековата душа заробен од бокорот што тој ја користи со цел да ја зајакне својата моќ. Астралното зомби вообичаено се чува во шише коешто бокорот може да го продаде на своите клиенти како амајлија за среќа, излекување од различни болести и успех во работата. Постои верување дека по некое време Бог ќе ја земе душата назад, и поради тоа зомбито е привремно духовно битие.[3] Исто така според една вуду легенда се вели дека ако зомбите се хранат со сол тие самите ќе се вратат во своите гробови.

Вуду религијата во Хаити[уреди]

Во 1937 година, додека го истражувала фолклорот во Хаити, Зора Нејл Хурстон се сретнала со случајот на една жена која се појавила во селото. Нејзиното семејство твредло дека таа жена била Фелисија Феликс – Ментор, која што била почината и закопана во 1907 година на возраст од 29 години. Хурстон ги следела гласините дека погодените лица биле под дејство на силни психоактивни дроги, но таа не била во можност да ги пронајде луѓето кои можеле да ѝ дадат повеќе информации. Таа напишала:

Неколку децении подоцна Харвардскиот етноботаничар Вејд Дејвис во своите две книги: „Змијата и виножитото“ (1985) и „Патувања низ темнината: Етноботаниката на Хаитските зомби“ (1988) го претставил фармаколошкиот случај за зомбите. Дејвис допатувал во Хаити во 1982 година и како резултат на неговите истражувања тврдел дека жив човек може да се претвори во зомби со навлегување на два специјални прашоци во крвта најчесто преку отворена рана . Првиот coup de poudre во чиј состав се наоѓа тетродотоксин, моќен и честопати фатален нервотоксин. Вториот прав кој се состои од разложени лекови како што е биволчето. Заедно овие честички предизвикуваат состојба слична на мртовец во која волјата на жртвата целосно ќе биде подложна на бокорот. Дејвис исто така ја популаризира и приказната за Клариус Нарцис кој тврдеше дека станал зомби со примање на лекови.

Процесот опишан од страна на Дејвис е почетна состојба на смртта како исчекување, по што следи повторно будење вообичаено откако тој беше закопан во психотична состојба. Психозата предизвикана од дрога и психолошка траума беше хипотеза од Дејвис за да ги поткрепи културно-научените верувања и да го предизвика поединецот да го реконструира својот идентитет како оној на зомбито, се знае дека тие се мртви и немаат друга улога во општеството на Хаити. Во 1988 година според книгата на дејвис Змијата и виножиото беше снимен серијалот хорор филмови на режисерот Вес Крејвен Кошмарот во улицата на брестовите ,сепак содржината на книгата значително се разликувала од содржината на самата книга . Тврдењата на Дејвис се доста критикувани особено оние кои тврдат дека хаитските вештерки –докторки можат да ги задржат зомбите во состојба на индуциран фармаколошки транс многу години. Симптомите на труење од тетрдотоксинот се разновидини од вкочанестост и гадење , парализа ,особено на мускулите на дијафрагмата , несвест па се до смрт , но тие не вклучуваат тетеравење ниту пак транс кој наликува на мртвите . Според психологот Теренс Хејнс научната заедница го отфрла тетродотоксинот како причина за оваа состојба, а проценката на Дејвис за тоа како се однесуваат зомбите на Хаити се смета за премногу лековерна.[5]

Шкотскиот психијатар Р.Д. Ленг ја истакнува врската помеѓу социјалните и културните очекувања и принудувања во проучувањето на шизофренијата и другите ментални болести укажувајќи на тоа дека шизогенезата има допирни точки со некои психолошки аспекти на зомбификацијата.[6]

Јужна африка[уреди]

Во некои заедници во Јужна Африка се верува дека само мртов човек може да биде претворен во зомби и тоа од страна на некое дете.[7] Се вели дека магијата што ја фрлило малото дете може да ја раскине само доволно моќен сангома.[8]

Популарна култура[уреди]

Зомбите редовно се среќаваат во фантастичните филмови и претстави како и филмови и претстави со хорор содржини. Уште од 1929 година со појавата на романот Магичниот остров на Вилијам Сибрук зомбите станаа дел од американскиот говор. Од 2009 година па наваму зомбите почнаа да ја загрозуваат популарноста на вампирите во поп културата.

Филм[уреди]

Првично објавен во 1968 година филмот Ноќта на живиот мртовец, жанровски дефинираната класика во која се кршат табу правилата го претставува концептот на однесувањата на зомбите подобро од кое било литературно или филмско дело пред неа.[9] Во овој филм делумно е објаснета причината за реанимација на зомбите (зрачење од вселенскиот брод).

Во популарната култура зомбите типично се претставени како безумни , тромави мртовци кои се распаѓаат , жедни за човечко месо или мозок. Сепак во неодамна снимените популарни зомби филмови се забележува значително зголемување на нивните способности за што ни сведочат и следниве филмови: „Колин“, „28 дена подоцна“ и во филмот од 2004 година „Будењето на мртвите“. Концептот на модерните зомби е тесно поврзан со Акаполипсата на зомбите, истребување на општеството како резултат на зомби зараза. Научникот Ким Пафренрот изјавува дека зомбите се целосно и буквално акаполиптични повеќе од кое било друго чудовиште , тие се сигнал за крајот на светот.

Публикувања и литература[уреди]

Иако зомбите се појавуваа во многу книги пред и после појавувањето на Ноќта на живиот мртовец сепак дури во 1990 година со објавувањето на антологијата Книгата на мртвите во која се опишани приказните на Ромеро инспирирани од приказните на Стивен Кинг и други автори , зомби фантастиката доби статус на посебен книжевен под жанр. Во 2005 година романот „Возвишување“ на Брајан Кин ја добива познатата награда Брам Стокер.

Неодамна публикуваните попознатите книги со зомби тематика се „Клетка“ од Стивен Кинг од 2006 година и „Првата Светска војна З“ од Макс Брукс кои се вброија во бестселерите на Њујор Тајмс. Брукс е автор и на култниот хит „Водич за опстанок на зомбите“, исцрпно истражуван водич во кој се опишани начините на кои зомбите преживуваат, публикуван во 2003 година.

Зомбите се искористени како главен мотив во десетици романи и стрипови. Како и вампирите и другите измислени суштества така и прототипот на зомби се распространува насекаде низ светот.

Телевизија[уреди]

Еден од најпознатите телевизиски настап со зомби тематика е „Трилер“ на Мајкл Џексон од 1983 година , краток филм и музички спот во режија на Џон Лендис. Песната е придружена со рап пеење од страна на Винсент Прајс добро познатиот глас од хорор филмовите и ѕвезда од погореспоменатиот филм „Последниот човек на земјата“. Трилер е еден од најпопуларните музички видеа на сите времиња, филмска пародија со хорор содржина во која е прикажан кореографскиот зомби настап на танчерите и Џексон облечени како зомби. Многу медиуми во поп културата како и многу зомби филмови како што е Ноќта на живиот мртовец 2 му оддадоа почит на оваа сцена и го сместија Трилерот на Мајкл Џексон во историјата на зомбите.

Научно фантастичните серии како што се „Бафи убиецот на вампири“ и Досие Х понекогаш ги вметнуваат зомбите како дел од нивните научно фантастични /хорор содржини.

Ширењето на зомби епидемиите во стилот на Ромеро честопати се дел во голем број амимирани шоуа како на пример во „Ноќ на вештерките“ во Симпсонови, Саут парк, и Освојувачот Зим. На Далечниот исток зомбите исто така се неодминлив дел на анимираните филмови , како што се: самураи Champloo , Токио Majin Gakuen Kenpucho, YuYu Hakusho и многу други во и надвор од рамките на хорор жанрот.

Игри[уреди]

Зомбите и вампирите се доста популарна тема во видео игрите особено во игрите кадешто едно лице ги доживува дејствата преку очите на главниот лик и во игрите кадешто се прифаќаат одредени улоги. Попознати видео игри од оваа област се: серијата Притаено зло, Воздигање на мртвите, Куќата на мртвите, Карнивл, Лефт 4 дет. Една од најпопуларните игри од ваков тип ,со околу 30.680 посети на ден е масовно играната игра на интернет „Урбански мртов“ со слободно –мрежен прелистуваж на играта во која зомбите и преживеаните се обидуваат да воспостават контрола врз еден руиниран град. Некои од игрите дури му дозволуват на играчот да ја игра улогата на зомби како на пример Зомбито Стабс во играта Бунтовник без пулс. Најчесто во овие игри зомбите се отпорни на повеќето напади освен на траумата на главата (која во истиот тој момент ги уништува зомбите). Зомбите исто така се дел од играта „Сага суперстар тенис“, во делот кадешто играчот мава тениски топчиња по зомбите со цел да ги уништи.

Концептот на инфицирани мртви се појавува често во видео игрите меѓутоа тоа не мора да значи дека тие мртви мораат да бидат само инфицирани луѓе. Ликот Флод од играта Хало како и Хедкраб од играта Хафлајф се зомби вонземјани кои имаат способност да ги убијат своите противници и опседнуваат нивните тела .

Надвор од видео игрите Зомби тематиката се среќава и во многубројните игри со карти како што се : прибирањето на Магија, играта Зандани и џинови , и играта Зомби. Играта „Луѓе наспроти зомби“ е многу популарна зомби тематска акциона игра која се игра во живо во колеџ кампуси ширум светот.

Музика[уреди]

Многу песни и бендови се основани врз основа на овие вампири кои обожаваат да јадат човечко месо, како песната Трилер на Мајкл Џексон и творечката работа на музичарот Роб Зомби. Зомби карактеристиките се појавуваат скоро во секој музички жанр започнувајќи од поп па се до металот вклучувајќи ги и некои поджанрови како хорор панкот кадешто зомби тематиката е естетски проширена . Хорор панкот е тесно поврзан со поджанровите Дедрок и Сајкобили. Овие поджанрови не доживеаа огромна светска слава иако поджанрот Сајкобили достигна меијнстрим популарност . Зомбите се појавуваа во песните и во знак на протест симболизирајќи ја безумената приврзаност кон властите , особено во спроведувањето на законите и на вооружените сили . попознати примери од ваков вид се песната „Зомби“ од Фела Кути од 1976 година и песната со наслов Зомби од Кранберис од 1994 година.

Уметност[уреди]

Уметникот Џулијан Мекдоналдс има направено неколку слики во видео арт на кои се прикажани зомби.Сликите на Тема Хорор шминказа првпат беа изложени на 8 септември 2006 година во галеријата Виламсбург во Бруклин.

Прехрамбени производи[уреди]

Многу компании од целиот свет силно се фокусираат на создавање на производи насочени кон културата на зомбите . Во оваа листа се вклучува и тајландскиот уметник Китивати Унаро кој прави печива кои личат на делови од човечкото тело, потоа калифорниската компанија Харкос Лабс продаваат мостри со запечатена крв и чадено месо од зомби, истотака тука се вбројуваат и низа помали компании со иновативни производи како Зомби минт бомбони (кои имаат вкус на гнили мозоци), Енергетски пијалок, Врисокот на Зомбите и мастики за џвакање во облик на човековиот мозок.

Зомби акаполипса[уреди]

Зомби акаполипсата претставува конкретно сценарио за акаполиптична фикција во која вообичаено има научно фантастичен /хорор мотив. Во зомби акаполипста ширењето на непријателски настроените кон човековиот живот зомби се здружуваат и извршуваат напад врз цивилизацијата. Луѓето кои се нападнат од зомби се здобиваат со особините на зомбите т.е. се претвораат во зомби .Ова доведува до драстично зголемување на кризата на ширење на зомби чумата /вирусот најчесто во воените и полициските организации која доведува до паника кај цивилното општество, само само изолираните можат да преживеат, чистејќи ги улиците за храна и намирници во свет сведен на прединдустриската непријателска пустина.

Книжевниот поттекст на зомби акаполипсата е тоа што цивилизацијата е навистина кревка за да се најде лице в лице со вистинските преседантски закани и тоа што повеќето луѓе неможат да го подржат она што е добро за сите ако личната цена е превисока . Описот на овој тип на акаполипса силно го менува општествениот пејсаж на Соединетите Американски Држави во 1960 година кога основоположникот на овој жанр филмот Ноќта на живиот мртовец за прв пат е созадаен. Многумина сметаат дека зомбите им овозможуваат да се справат со своите немири позрвазни со гласините за крајот на светот. Еден наушник смета дека повеќе од кое било чудовиште , зомбите се целосно и буквално акаполтични –тие се сигнал за крајот на светот. Поради големиот број на филмови и видео игри , идејата за зомби акаполипсата ја достигнува својата врвна точка. Нејзините обожаватели вложуваат огромни напори за созадавање на идните хипотетички зомби акаполипси . Напорите вклучуваат создавање оружје и продавање на постери со цел да се информираат луѓето како да преживеат зомби појава .

Филозофски зомби[уреди]

Поимот филозофски зомби се користи во Философијата на умот , област која ја истражува поврзаноста помеѓу свесната мисла и физичкиот свет. Филозофското зомби е хипотетичко лице кое нема целосна свест но поседува човечки физички особини или однесување на нормален човек ; тој се користи како нулта хипотеза во филозофските дебати поврзани со проблемот, тело-ум. Филозофскиот контекст на поимот претставува кованица воведена од старана на филозофот Дејвид Чалмерс во средината на 1990 година.

Општествен активизам[уреди]

Некои од обожавателите на зомбите ја продолжуваат традицијата на Џорџ А.Ромеро за користење на зомбите како социјален коментар. Општествените зомби прошетки редовно се одржуваат во некои земји. Понекогаш тие се едноставно дел од надреалистичката уметност, но понекогаш тие се користат како политички протест против властите.

Наводи[уреди]

  1. „Zombie“. Oxford English Dictionary. (1998). Oxford University Press.
  2. Smith, Neil. „Zombie maestro lays down the lore“, BBC News, 7 март 2008 (конс. 1 октомври 2009).
  3. *McAlister, Elizabeth. 1995.“A Sorcerer's Bottle: The Visual Art of Magic in Haiti.” In Donald J. Cosentino, ed., Sacred Arts of Haitian Vodou. UCLA Fowler Museum of Cultural History, 1995: 304–321.
  4. Hurston, Zora Neale. „Dust Tracks on a Road“. 2nd Ed. (1942: Urbana: University of Illinois Press, 1984, p. 205). 
  5. Hines, Terence; "Zombies and Tetrodotoxin"; Skeptical Inquirer; May/June 2008; Volume 32, Issue 3; Pages 60–62.
  6. Oswald, Hans Peter (2009 (84 pages)). „Vodoo“. BoD – Books on Demand. стр. 39. ISBN 3837059049. 
  7. Marinovich, Greg; Silva Joao (2000). „The Bang-Bang Club Snapshots from a Hidden War“. William Heinemann. стр. 84. ISBN 0434007331. 
  8. Marinovich, Greg; Silva Joao (2000). „The Bang-Bang Club Snapshots from a Hidden War“. William Heinemann. стр. 98. ISBN 0434007331. 
  9. "Mumble-Jumble", Тајм, 9 September 1940.

Надворешни врски[уреди]