Волшебник

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Волшебната градина на Месер Ансалдо од Мери Спартали Стилмен: волшебникот направил среде зима градината да е полна со овошје и цвеќиња.

Волшебник е човек кој користи или практикува магија, натприродни или окултни извори.[1] Волшебниците често се среќаваат во литературата која се смета за фантазија, а нивните карактеристики се припишуваат на историски личности или ликови од митологијата, легендите, и фолклорот.

Волшебниците имаат моќи кои доаѓаат од нивното знаење, а не се само вродени таленти кои се спонтано откриени. Сепак, повеќето волшебници во фантастичните литературни дела се претставени како луѓе кои имале вроден талент да го научат она што другите не можеле да го научат - магијата.

Низ приказните, волшебниците се појавуваат како добри или лоши, но најчесто како советници или херои.

Некои модерни волшебници, како Алистер Кроули и следбениците на традицијата на Херметичкиот ред Златна Зора и Ordo Templi Orientis, магијата ја објаснуваат со дефиниции, постулати и теореми.[2]

Понови изрази за „волшебник“ се изразите маг и магус. Волшебништвото во некои култури се поврзува со употреба на црна магија или привикување духови, а постојат и различни имиња за различните степени на знаењето што се користи.

Историски личности[уреди]

„Алхемичарот Сезивој“ од Јан Матејко: алхемичар и пионер хемичар.
Поврзано: Алхемија, шаманизам, демон и вештерки

Многумина низ историјата изјавувале дека се волшебници или пак за нив се сметало дека се тоа. Некои изјавиле дека имаат тајни знаења, најчесто натприродни или окултни. Веројатно најстарото тајно знаење кое љубоморно се чувало е знаењето да се запали оган.[3][4]

Алхемијата содржи многу елементи кои денес се сметаат за магични, но многу од нив се веќе дел од науката наречена хемија.

Легендите во средновековна Европа за луѓе со пророчки моќи и понекогаш со магични способности, собрани се во една книга наречена Виолетовата волшебна книга. Ликот на Фауст во приказните е всушност алхемичарот Јохан Георг Фауст, кој е обвинет за време на животот дека користи магија. Меѓу другите примери низ историјата се окултниот писател и алхемичар Хенрих Корнелиус Агрипа, математичарот Џон Ди како и контроверзниот Алистер Кроули.

Види исто така и Кабала, Ренесансна магија, Мистицизам и Окултизам.

Волшебници низ литературата[уреди]

Белокос и белобрад волшебник.

Многумина писатели ги користеле волшебниците како ликови од своите дела, а за некои долго време се сметало дека се вистински историски личности, како на пример волшебникот Мерилин или вештерките од Магбет од драмите на Шекспир. Други познати ликови на волшебници од литературата се ликот Гандалф од Господар на прстените, и ликот Албус Дамбладор од Хари Потер, кои се појавуваат во улога на заштитници. Посебен вид на волшебник е ликот од филмот за Конан Варварионот, чија облека е морска, бидејќи и самиот живее во морето.

Волшебниците во уметноста често се претставени со кристална топка, волшебно стапче, книги со магии, волшебни напитоци, а често за придружба имаат некое животно со кое се многу блиски.

Наводи[уреди]

  1. Patricia A. McKillip, "Writing High Fantasy", p 54, Philip Martin, ed., The Writer's Guide to Fantasy Literature: From Dragon's Lair to Hero's Quest, ISBN 0-87116-195-8
  2. Crowley, Aleister. Magick (Book 4) (Introductions and Theorems). Weiser Books. ISBN ISBN 0-87728-919-0
  3. „"Fire"“. HighBeam Research. http://www.highbeam.com/doc/1E1-fire.html. конс. 15 ноември 2006. 
  4. Paul Rincon. „"Early human fire skills revealed"“. BBC News. http://news.bbc.co.uk/1/hi/sci/tech/3670017.stm. конс. 15 ноември 2006.