Вампир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вампир,
литографија на Р. де Моран (1864)

Вампирдемонско битие што по смртта станува од гробот повиткано во бело платно, општата претстава за вампирот е и гајда (мев) полна со крв, која се тркала како топка.[1] Според некои верувања вампирот бил невидлив освен за посебно обдарените, според некои бил како сенка, некои тврделе дека личел на човек, но бил создаден само од кожа и крв, наместо нос имал дупка, наместо очи имал црвенило како оган, имал големи заби, а некаде се зборува за отсуство на екстремитетите. Постоело и верување дека доколку некое животно го прескокнело починатиот пред да се повампири, тој можел да се трансформира во неговиот облик. Во Србија, Босна и Хрватска постои верување дека вампирот може да се претвори во пеперутка, бидејќи во бдеењето над покојникот најтешко било да се заштити телото од прелетување на пеперутките и другите инсекти. Вампирот има свој дом, тоа е гробот, а го напушта само ноќе. Само во сабота и при задушниците тој не може да го напушти гробот. За ова имаме и запис од Марко Цепенков:

Гробието од вапирите имале една дупка, што си оделе во сабота да си лежат, чунки непендек било ете вапир во сабота не одел по куќите да праи зулум.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Оксфордско-англискиот речник го забележува првото појавување на зборот „вампир“ во англискиот јазик во 1734 година, во патописот насловен „Патешествијата на троjцата англиски господа“, објавен во 1745 година. За вампирите веќе е дискутирано во германската книжевност. Откако Австрија се здобила со контрола над Србија во 1718 година, одговорните власти забележале месна практика на ексхумација на тела и „убиство на вампири“, а овие извештаи од 1725 – 1732 година се здобиваат со глобален публицитет.

Англискиот поим можеби е извлечен од француското „vampyre“ и од германското „vampir“, а и во почетокот на XVIII век од српското вампир/vampir, кога наводниот вампир Арнолд Паол е забележан во времето кога Србија се наоѓала во состав на Австриската империја. Српската форма има паралели во речиси сите словенски јазици. Точната етимологија е нејасна, помеѓу понудените прасловенски форми се *ǫpyrь and *ǫpirь. Друга помалку позната теорија е дека словенските јазици го позајмиле зборот од турскиот поим за „вештерка“ (на пример, Tatar).

Првата забележана употреба на старата руска форма „Упирь“ се верува дека е документирана уште во 1047 година. препис на книгата за псалмите, препишана од свештеник кој ја препишал книгата од глаголица на кирилица за принцот Владимир Јарославовиќ. Свештеникот пишува дека неговото име е „Упир/Upir“ означува нешто како ″чуден вампир″, а ова чудно име е наведено и за опстојувањето на паганството и употребата на прекари како лични имиња.

Друга рана употреба на старорускиот збор е во антипаганството „Зборот на светецот Григориј“ од 11 – 13 век, каде што се забележува паганско обожување на вампирите.

Настанување на вампирите[уреди | уреди извор]

Кај повеќето Јужни Словени претставите за вампирите, нивното настанување и одбраната од нив се мошне слични, но не и идентични. Во Србија и Босна постоело верување дека вампирот настанувал од мртовецот во кој влегувал некаков ѓаволски или нечист дух поради причините кои понатаму ќе ги проследиме. Во Бугарија постои верување дека вампир настанува од секој неискапен мртовец. Поради тоа капењето на мртовецот има ритуално значење, секогаш го обавуваат возрасните од полот на починатиот, капењето се обавувало со вода и босилек и вино. Таа вода се фрлала далеку од домот бидејќи се сметала опасна за живите, а забележано е дека се употребувала и во црната магија.

Во некои краишта на Босна, Србија, Бугарија, Македонија е запомнето дека мртвите се премачкувале со вино и масло. И неоплаканите и неопеаните, како и некрстените (најчесто мали деца) биле сметани како подобни за повампирување. Исто така се верува дека се повампируваат луѓето кои никогаш не биле прободени, мртвите преку чие тело се ракувале луѓето, или доколку преку мртовецот или неговиот гроб преминела мачка, пес, глушец, птица. Како заштита од таквата можност воведено е бдеење над покојникот. Гробот на мртовецот се копал во денот на погребот со верување дека не смее да ноќева отворен токму поради можноста неке животно да влезе во него и да предизвика повампирување. И тажалките и оплакувањето на мртовецот подлегнувале под обредните кодекси како превентива од повампирување, ноќе не смеело да се оплакува мртвиот, исто така пред да биде подготвен за погребување не смеело да биде оплакуван. Од истите причини на мртовецот морале да му се затворат очите, а никој од погребната поворка не смеел да се сврти наназад.

Се верувало дека и анатемисаните и отфрлените од црквата и заедницата, потоа луѓето родени во нечистите (некрстените) денови, децата родени од мајка која во бременост јадела месо од умрено животно (без да е заклано и да му истекла крвта), луѓето кои по телото имале рани, исто така се повампирувале доколку раните не им биле исчистени со врело вино или масло. Во некои краишта се верувало дека и луѓето кои во животот правеле зло, убијци, крадци, развратници, алкохоличари и бајачки и гатари кои се занимавале со црна магија стануваат вампири. Како мерка за предострожност на покојниот во некои краишта му биле затворани усните, ноздрите и ушите со памук, а во Родопите (Бугарија) забележан е обичај врз мртовецот да се оставаат метални предмети од огништето, некаде се пали гробот два- три дена по погребот, бидејќи верувањето во огнот како апотропејно средство било вкоренето во нашите предци.

Луѓето кои починале од неприродна смрт, давење, убиство, самоубиство, погодени од гром, паднати од карпи според старите закони за погребување биле погребувани надвор од гробиштата без црковен (верски ритуал) и се сметало дека и тие се претворале во вампири или почесто во зли духови, сеништа.

Како превентива против повампирување во местото каде што починал човекот биле заковувани железни предмети, неретка била и практиката на мртовецот да му се забие метална шајка во стомакот или петицата, поретко во дланката. Со ова е поврзано верувањето дека доколку кожата не е цела ѓаволот од неа не може да направи гајде во кое ќе се движи лошиот дух или вампир. Некаде на местото каде што починал човекот било кршено јајце, некаде тоа се правело врз неговата глава, некаде му ставале сребрена пара во устата, а постоел и обичај околу гробот да се посее просо со зборовите ”кога ќе го преброи да се свампири”. Оставањето пара во устата на мртвиот е всушност поради плаќањето на патот кон оној свет, така се обезбедувало дека тој нема да заскита и да потпадне под влијанија на лошите сили.

Исто така се верувало дека постарите вампири за да бидат посилни создавале нови вампири кои ќе им служат. Тие му давале крв на човекот и потоа го убивале, а кога човекот ќе стане се разбудувал како вампир. Потоа тој морал да се напие човечка крв за ритуалот целосно да се изврши.

Народни верувања[уреди | уреди извор]

Вампиризмот постои милениуми во култури како што се:месапотамијците (вклучувајќи ги демоните Лилит и Едиму од сумериската, азирската и вавилонската митологија) Евреите, древните Грци и Роми имаат бајки за демони како што се сметаат за претходници на модерните вампири. Сепак и покрај појавата на вампироидни суштества во овие древни цивилизации, преданието за вампирот што го знаеме денес потекнува речиси ексклузивно од почетокот на 18 век во југоисточна европа, кога оралните традиции на многу етнички групи се забележани и објавени. Во многу случаи вампирите се олицетворенија на зли суштества, жртви самоубијци или вештерки, но можат да настанат и од зли духови кои ги опседнуваат лешовите или од каснување од друг вампир. Овие верувања толку се распространиле што во некои делови предизвикало масовна хистерија па дури и погубување на некои луѓе за кои се мислело дека се вампири.

Активноста на вампирот[уреди | уреди извор]

Според верувањето на старите, вампирот одел по куќите каде тропал, расфрлал предмети, кршел садови и мебел, бркал добитокот, ги измачувал луѓето и ја пиел нивната крв. Според Марко Цепенков: “Никола т. Кртот кога умре се свапири и одеше по комшии да праит триста пакости; камења фрлаше по куќите, со грутки плитари врлаше во пенџерињата...”

Вампирите влегувале во домовите низ дупки, низ вратата, клучалката, оџакот бидејќи имале пивтиесто, аморфно тело, за него немало пречка ниту низ најмалата пукнатинка да се провре. Вампирот своите грди дејанија ги обавувал до првото јавување на петлите. Особено сакал да ги измачува луѓето кои лежеле на левата страна, понекогаш ги задушувал заспаните, а постои и верување дека можел да силува жени, но неретко се спомнува и дека се враќал кај сопствената жена со која општел пред смртта.

Основната храна на вампирот е крвта, почесто од добитокот, но неретко и од луѓето. Особено ја сакал крвта на жените и малите деца, а неретко ги јадел и штотуку венчаните. Музиката и танците им биле омилена забава, па на тој начин ги ловеле вампирџиите. Луѓето родени во сабота, некаде се прецизирало сабота пред Бадник или сабота во нечистите денови, или сабота пред Велигден или деца чија мајка починала пред тие да бидат родени, имале способност да ги препознаваат и гледаат вампирите. Се верувало дека пците имаат исто така способност на препознавање на вампирите и дека тие го најавувале со лаење нивното појавување.

Се верувало дека по четириесеттиот ден вампирот можел да го напушта гробот на подолго време, но и доколку не го уболе на време тој се засилувал поради испиената крв што дури и дење можел да се појавува и да им штети на луѓето. Се верувало дури дека по шест месеци или три години тој добива коски и станува човек кој одново започнува живот во местата каде не го познаваат.

Опис и чести додатоци[уреди | уреди извор]

Тешко е да се изведе една дефиниција за вампирот иако има многу чести елементи во многу европски легенди. Вампирите се опишуваат како надуени и груби, розови или темни суштества, овие одлики се поврзувани со пиењето на крвта, всушност се гледало излегување на крв од носот или устата при отворање на ковчегот, а и левото око било често отворено. Ги спалувале во она во што ги погребувале а се забележува дека и забите, косата и ноктите се пораснати, иако ова не се сигурни одлики.

Вампирот од Филип Бурн-Џонс, 1897 година

Создавање на вампирите[уреди | уреди извор]

Причините за создавање на вампирска генерација се многу и варираат во оригиналните преданија. Во словенската и кинеската традиција, мртовец прескокнат од животно особено мачка или куче се смета дека ќе стане вампир. Исто така тело со отворена рана која не е посипана со врела вода. Во руските преданија се смета дека вампирите се вештерки кои некогаш биле луѓе додека не се побуниле против црквата. Културните практики често се споменувани како превенција на некој неодамна починат роднина за да не се повампири, како што се обратното погребување или поставувањето на српови или коси близу гробовите, за да ги задоволат демоните или да го спречат мртовецот да го напушти ковчегот. Овој метод е сличен со оној на Старите Грци кои ставале пари во устата на покојниот за да може да ја плати патарината и да ја помине реката стикс во подземниот свет, потоа, се вели дека паричката се става за да ги спречи злите демони да го опседнат трупот, а од ова можеби се настанати подоцнежните преданија за вампирите. Оваа традиција опстојува и во модерниот грчки фолклор за Vrykolakas каде што восочен крст и грне со натпис ″Исус Христос освојува″ се поставуваат на трупот за да се спречи мртовецот да се повампири. Други методи кои се користеле во европа се сечењето на тетивите на колената или поставување на просо или песок на гробот на новодниот вампир, ова се прави со цел за да мора вампирот да ги изброи паднатите зрнце преку ноќ кога ќе стане, ова укажува на фактот дека вампирите страдаат од аритмоманија. Слични кинески раскази сведочат дека ако вампирот наиде на вреќа полна со ориз првин мора да ги изброи зрната ориз. Ова потекнува од индискиот потконтинент како и јужноамериканските бајки за вештерки и други зли и пакосни суштества.

Препознавање на вампирите[уреди | уреди извор]

Многу ритуали се изведуваат со цел да се препознае вампир. Еден од начините на препознавање е водење на момче девица низ гробишта на исто така невин коњ, коњот наводно може да го покаже гробот, обично коњот мора да е црн, додека во албанија пак коњот мора да е бел. Појава на дупки во гробот се смета за вампиризам. Труповите за кои се сметало дека се вампир имале подобар зглед од очекуваното со мали или никакви знаци на распаѓање. Понекогаш при отворање на гробот селаните тврдат дека трупот имал свежа крв на лицето од жртвата. Доказ дека постои вампир кој е активен во некоја област вклучува и смрт на говеда, овци, роднини или соседи. Вампирите го најавувале своето присуство во мала духовна форма со фрлање на камења врз покривот, преместување на предмети или притискање на луѓе додека спијат.

Заштита од вампирите[уреди | уреди извор]

Општи или свети предмети како што се лукот или светата вода може да ги одбијата вампирите. Во зависност од регионот постојат различни верувања за предметите, за дивата роза или глогот се вели дека ги повредуваат вампирите. Во Европа семе од синап на покривот ги брка: други свети работи кои се вклучени се: Распнувањето, бројаниците или светата вода. Се вели дека вампирите не може да одат по советлено тло како цркви и манастири или пак по вода. Иако не се дел од традицијата огледалата поставени однадвор на вратата се користат за бркање на вампирите ( во некои традиции вампирите немаат одраз или сенка поради немањето душа) оваа иако неуниверзална додавка е искористена од Брам Стокер во Дракула, останува популарна кај останатите автори и филмаџии. Во некои традиции пак се смета дека вампирот не може да влезе во куќата освен ако не е поканет, а по првата покана можат слободно да доаѓаат кога и да посакаат. Иако се смета дека биле поактивни ноќе не се смета дека биле ранливи на светлина.

Метод на уништување на потенцијалните вампири е со прободување особено во јужнословенските култури. Јасенот се користи во Русија и Балтичките држави или глогот во Србија, дабот во Шлеска. Вампирите најчесто се прободуваат преку срцето, додека во русија и во северна германија пак преку устата а во стомакот во североисточна србија. Пробушување на кожата на градите е начин на издишување на надуениот вампир. Слично е со погребувањето со остри предмети кои служат за пробушување на кожата доколку дојде до трансформацијата. Обезглавувањето е метод кој се користи во германија и западнословенските области со погребување на галавата меѓу нозете или настрана од телото. Овој чин се користи за одделување на душата од телото што во некој култури се смета дека останува во трупот. Телото, главата или алиштата на вампирот може да бидат заковани или прицврстени за земјата за да се спречи станување. Циганите ковале шајки во срцето ставале железо во устата, на очите и меѓу прстите, за време на погребот протнувале глог низ устата или нозете. Откриен е погреб во 16 век близу Венеција, цигла напикана во устата на женски труп кој се идентификува како ритиуал на убиство на вампир, откриен од археолози во 2006 година. Дополнителни мерки вклучуваат сипување на врела вода врз гробот или горење на телото. На Балканот вампирите можеле да се убијат со пушка да се удават во вода, со повторување на погребалната церемонија, со света вода врз телото или со егзорцизам. Во Романија со ставање на лук во устата а во 19 век мерки на претпазливост се испукување на куршум низ ковчегот, во потешки случаи телото се дисекцира а деловите се горат попрскани со света вода. Во саксонскиот дел на Германија се става лимон во устата кај наводните вампири.

Древни верувања[уреди | уреди извор]

Низ вековите во многу култури во целиот свет постојат бајки за натприродни суштества кои цицаат крв и месо од живи суштества. Денес ние ги поврзуваме овие работи со вампирите но во древни времиња поимот вампир не постоел: цицањето на крвта и сличните активности се припишувале на демоните или духовите кои јаделе месо или цицале крв, дури и ѓаволот се смета за синоним на вампирот. Речиси секоја нација го поврзува пиењето на крв со некои демони или издигнати мртовци, а во некои случаи и божества. На пример во Индија бајките за vetalas суштества-духови кои опседнуваат трупови се содржани во Baital Pachisi приказни на кралот Викрамадитија (Vikramäditya) и неговите ноќни походи да зароби едно такво суштество. Pishacha. Вратените духови на злобниците или оние кои се ментално заостанати стануваат вампирски атрибути. Божицата Кали од древна Индија со ланец од заби или венец од трупови и черепи е тесно поврзана со пиењето на крв. Божицата Шекмет во древен Египет пиела крв. Персијците се едни од првите цивилизации кои имаат бајки со крволочни демони. Суштества кои се обидуваат да цицаат крв од живи луѓе се отсликани на глинени садови. Во древен Вавилон и Азирија постојат бајки за митското суштество лилиту, пандан на еврејската лилит и ќерка и лилу од еврејската митологија. Лилиту се смета за демон кој преживувал од крвта на бебињата. Сепак , евресјите пандани се хранеле не само со бебиња туку и со мажи и жени.

Древната грчка а и романска митологија ги опишуваат Емпусе, Ламија и Стригите. Со текот на времето првита два поими ги опишуваат вештерките и демоните . Емпусе е ќерка на божицата Хекате, која е опишана како демонско суштество со бронзени стапала. Која се хранела со крв од мажите што ги заведувала трансформирајќи се во млада жена. Ламија ловела деца во ноќта но ито и млади мажи. Се вели дека имале тело на птица а подоцна се вметнати во Романската митологија како стрикс, бид на ноќна птица која се храни со човечка крв и месо.

Средновековен и доцноевропски фолклор[уреди | уреди извор]

Главен член: преданија за вампирите по области[уреди | уреди извор]

Многу од митовите за вампирите потекнуваат од средовековниот период. Англиские историчари и архивисти Валтер Мап и Вилијам од Њубирг од 12 век забележуваат записи од вампирски суштества иако записите по овој датум во англиската литература се оскудни. Овие бајки се широко распространети за подоцнежните преданија кои се широко распространети кон крајот на 17от и почетокот на 18 век во источна европа и претставува основа за создавање на легенди во англија и германија каде што последователно се прошируваат и популаризираат.

Еден од најраните записи на вампирска активност доаѓа од регионот истра во денешна Хрватска во 1672 година. Локални забелешки укажуваат на вампир по име Ѓуре Грандо од село Кринг близу Тињанин, како последица од паника меѓу селаните. Селанецот Ѓуре умрел во 1656 година но селаните тврделе дека се вратил и цицал крв од луѓето а ја злоупотребувал сексуално и неговата вдовица. Селскиот кмет наредил да му забодат колец во срцето но кога тоа не го убило, со обезглавувањето успеале.

Во 18 век има низа на вампирски активности и чести откопувања на гробови и набодувања со колје за да се убијат потенцијалните вампири. Дури и владините службеници биле ангажирани во ловот и убиството на вампирите. Иако било нарекувано како ″доба на просветата″ од каде што се напишани многу фолклорни легенди, сепак драстично расте верувањето во вампирите што доведова до масовна хистерија ширум европа.

Паниката започнува со наводните нпди од вампири во источна Прузија во 1721 година и Хабсбуршката монархија од 1725 – 1734 година која се проширува и во другите области. Двата славни вампирски случаи кои се првите забележани се телата на Петар Плогојовиц и арнолд Паол од Србија. Плогојовиц кој умрел на 62 години наводно се вратил и барал храна од син му. Кога син му не му дал го нашле мртов наредниот ден. Плогојовиц наводно се вратил и убил неколку соседи кои умреле од губиток на крв. Вториот случај е со Паол, бивш војник кој станал фармер, кој наводно одамна бил нападнат од вампир, умрел на жетва. По неговата смрт луѓето од околината почнале да умираат и се верувало дека Паол се вратил за да ги лови соседите. Уште една славна српска легенда е врзана за Сава Савановиќ кој живеел во мелница и се хранел со мелничарите кои доаѓале. Ликот е употребен подоцна во приказна напишана од српскиот писател Милован Глишиќ и во српскиот хорор филм од 1973 год Лептирица (leptirica) кој е инспириран од приказната.

Обата инциденти се добро документирани, владините службеници напишале извештаи и објавиле книги ширум Европа.општо познатата хистерија насловена како Вампирска контроверзија од 18век беснеела цела деценија. Проблемот се влошува од локалните епидемии од т.н. напади од вампири, несомнено предизвикани од преголемо суеверие присутно во многу селски заедници каде мештаните ископувале тела и ги прободувале иако многу научници тврделе дека вампирите не постојат, суеверието сепак се зголемило. Дом Аугустин Калмет – почитуван француски теолог и научник во 1746 година изготвил двосмислена студија за постоењето на вампирите. Калмет ги изненадува читателите, критичарот Волмет и некои демонолози со неговите извештаи за вампирски активности. Во студијата се опишува дека постојат вампири. Волтер во филозофскиот речник напишал.

Вампирите се лешови кои ноќе излегуваат од гробовите да цицаат крв од вратот или стомакот на живите, а потоа се враќаат во гробовите. Оние кои се жртви на цицање на крвта стануваат бледи, ослабуваат и паѓаат во несвест, додека лешовите узивајќи во апетитот се здебелеуваат и заруменуваат. Ова се случувало во Полска, Унгарија, Моравија, Австрија и Лорејна.

Контроверзијата престанува кога царицата Марија Тереза од Австрија – го испраќа својот личен лекар Жерард ван Свитен да ги истражи тврдењата за постоењето на вампири, тој дошол до заклучок дека вампирите не постојат и царицата спровела закони со кои се забранува отворање на гробовите и осквернавување на телата, со ова се означува крајот на вампирската епидемија но и покрај ова вампирите опстануваат во уметноста и локалното суеверие.

Неевропски верувања[уреди | уреди извор]

Неколку области од Африка имаат бајки за суштества со вампирски способности. Ашантите во западна африка кажуваат за суштество со железни заби и луѓето ЕВЕ (EWE) и АДЗЕ (ADZE) кои можеле да заземата облик на светулки и да прогонуваат деца. Во источниот регион се зборувало за импанду (impandu) – долго опашеста птица која имала способност да предизвикува молњи и светкавици, но и луѓето Бетсилео од Мадагаскар раскажуваат за Раманга одметник или вампир кој пие крв и јаде нокти од благородниците.

САД[уреди | уреди извор]

Лугару претставува пример за тоа како верувањата во вампири може да се резултат од комбинација на верувања, а во овој случај мешавина од француско и африканско вуду. Поимот Лугару најверојатно доаѓа од француското loup-garou (што во превод би значело Врколак) често е споменувано во културата на маурициус. Сепак, приказните за Лугару се рапространети преку Карибите и Луизијана во САД, слични женски чудовишта се Соукојант (Soucouyant) од Тринидад и Тунда и Патасола од колумбиските преданија, додека од источно Чиле доаѓа Мапуче а и крволочната змија Пеучен (Peuchen) . Обратно обесената алое вера на или покрај вратата се смета дек ги брка вампирските суштества во јужноамериканското суеверие. Митологијата на ацтеките објаснува бајки за Чиуатетео (Chiuateteo) – претставува чудовиште со череп наместо глава од оние кои умреле на породување, краделе деца имале сексуални односи со живите и ги полудувале.

За време на XVIII и XIX век верувањето во вампири е распространето во делови од Нова Англија, особено Роад Ајленд и источен Конектикат. Постојат многу документирани случаи каде фамилии ги вадат срцата на починатите бидејќи веруваат дека се вампири одговорни за болестите и смртта во семејството. Иако поимот вампир никогаш не е употребен за да се опишат починатите. Смртоносната болест туберкулоза или „исцрпување“ како што била тогаш позната се верувало дека е предизвикана од мртов член од семејството кој доаѓа навечер. Најпознатиот и најнов случај на забележан вампиризам е оној на деветнаесетгодишната Мерси Браун која умрела на Роад Ајленд во 1892 година. Нејзиниот татко со помош на семејниот лекар го откопува гробот два месеци по нејзината смрт, го вади срцети и го спалува.

Азија[уреди | уреди извор]

Вкоренети во постариот фолклор, модерните верувања во вампирите се раширија ширум Азија со бајки за духовидни суштества од центарот, па сè до вампири на островите во Југоисточна Азија. Индија исто така разви други легенди за вампири. Бхута (Bhüta) или Прет е душа од некој маж кој умрел предвремено. Лута наоколу анимирајќи мртви тела навечер, со што ги напаѓа навечер како дух. Во северна Индија постои BrahmarākŞhasa, вампировидно суштество со црева на главата и череп преку кој цица крв. Иако вампирите се појавуваат во кината во Јапонија од крајот на 1950-тите, фолклорот позади тоа потекнува од западот. Сепак, Нукекуби (Nukekubi) — суштество кое ја оддеелува главата од телото навечер за да бара лови.

Легенди за женски вампири кои можат да го откачуваат горниот дел од телото се појавуваат на Филипините, Малезија и Индонезија. Постојат две главни суштества Вампири на Филипините Талгог мандуруго (Talgog mandurugo) (крвопиец) и Визајан мананангал (Visayan manananggal) (самоодделувач) Мандругото е мешавина од асванг кој зазема форма на убава девојка преку ден, акрилја и долг змијовиден јазик преку ноќ. Со јазикот ја цица крвта од жртвата која спие, а горното торзо за да лета и да лови бремени жени кои спијат во текот на ноќта, користат долг шпицест јазик да го исцицаат фетусот од бремената жена во текот на ноќта. Пртпочитаат да јадат внатрешни органи (особено срцето и црниот дроб)

Малазиската пенангалан може да биде убава стара или млада жена која ја задржала совата убавина со помош на активна употреба на црна магија или други неприродни средства, а најчесто опишана во преданијата како мрачна или со демонски нарав. Способна е да ја иткачи главата од телото и да лета наоколу да бара крв, обично од трудни жени. Малезијците закачувале бодликавци на вратата и прозорците од куќата, со надеж дека нема да влезе суштеството кое може да си ги закачи цревата на трнот. Лејак (Leyak) — слично суштество во фолклорот на Балијците – жена која умрела на породување и станала вампир која бара одмазда и ги тероризира селата. Се појавува како привлечна жена со долга црна коса која ја покрива дупката на нејзиниот врат преку која цица крв од децата. Ако и ја напиката косата во дупката ќе ја избркате. Во устата на лешовите се ставало стакло, јајца под пазувите и игли во дланките за да не се повампират.

Јанг Ши или Кинески вампири се оживеани лешови кои скокаат наоколу и убиваат живи луѓе за да ја апсорбираат есенцијата. Се вели дека се создаваат кога душата не може да го напушти телото на покојниот. Сепак, некои ја расправаа споредбата на Јанг Ши со вампирите. Првите се безмозочни суштества без независни мисли, обично се со зеленкасто-бела кожа поради бактериите или мовот што расте на лешовите.

Лилит (1892 година) од Џон Колие

Современи сфаќања[уреди | уреди извор]

Во современата белетристика, вампирите се отсликуваат како харизматични злосторници. И покрај општото неверување во вампири, забележани се повремени наоди на вампири. Всушност сè уште постојат ловишта за вампири, иако се формирани за социјални причини. Обвиненија за напади од вампири поминаа низ Африка од Малави кон крајот на 2002 и почетокот на 2003 година, каде што полицијата каменуваше еден до смрт а нападне уште најмалку четворица вклучувајќи го овде и Гувернерот Ерик Чиваја, под сомнение дека владата коалицира со вампирите.

Во почетокот на 1970 година, локалниот печат објави дека Гробницата Хајгејт во Лондон е опседната со вампири. Аматери ловци на вампири се собраа во голем број на гробницата. Напишани се неколку книги од Шон Манчестер во врска со тоа, мештанин кој бил меѓу првите кој го предложил постоењето на Вампири во Хајгејт, а кој подоцна тврди дека уништил и истерал цело гнездо на вампири во областа. Во јануари 2005 год, се проширија гласини дека напаѓач гризнал неколку луѓе во Бирмингам, Англија при што протече вест дека вампир кружи по улиците. Сепак локалната полиција потврди дека не е сторено такво злосторство и дека случајот е урбан мит.

Во 2006 г., професор по физика на Универзитетот во Централна Флорида напиша есеј дека е математичи невозможно да постоеле вампирите, засновано на геометриска пресметка. Според есејот, ако првиот вампир се појавил на 1 јануари 1600 год и се хранел еднаш месечно (што е многу помалку отколку што е отсликано во филмовите и фолклорот), а секоја жртва се претвора во вампир во рок од две години и половина сите луѓе ќе станат вампири. Есејот не се обиде да ја докаже веродостојноста на пртпоставката дали секоја жртва на вампирот се повампирува.

Во еден позначителен случај на вампиризам во модерната доба е и чупакабра („цицачот на кози“) од Порторико и Мексико се вели дека е суштество што се храни од месото или крвта на домашните животни, при што некои помислуваат на вампир. Хистеријата чупакабра често се поврзувала со тешката економска и политичка криза, особено во средината на 20-тите години од XX век

Во Европа, каде многу од преданијата за вампирите се смеетаат за фантастика, сепак многу заедници го имаат прифатено поради економски причини. Во некои случаи особено мали места суеверието е сè уште присутно, постојат и тврдења за такви напади. Во Романија во февруари 2004 год неколку роднини на Тома Петре, стравувале дека станал вампир. Го ископале грбот, го извадиле и изгореле срцето и ја помешале пепелта со вода за да ја испијат.

Вампиризмот претставува значаен дел од модерното култно движење. Митовите за вампирот, неговите магични квалитети, намамување и архетип на грабливец претставуваат јак симболизам кој може да се користи во ритуални, енергетски работии магија, а може да се усвои и како духовен систем. Вампирот е дел од култното општество во Европа со векови и се рашири во американската поткултура, а пред повеќе од декада е под јако влијание на неоготската есетика.

Убивање на вампир[уреди | уреди извор]

Вампирот може да биде изгорен, попарен, се уништувал со прободување на телото, можел да биде избркан на друго место, да се удави, но најчесто бил уништуван од вампирџија. Гробовите на повампирените се откопувале во сабота наутро и телата биле уништувани со врела вода. Природниот непријател на вампирите според старите верувања бил громот. Вампирите стравувале од водата, од солта, од железото со кое се ронела солта, од лук и катран, во поновото време христијанските симболи крстот, иконите, темјанот, осветената вода исто така претставувале опасност за него. Но како најнепријатниот непријател на вампирот се сметал волкот од кого тој не можел да се спаси. Како особено подобен во борба против вампирите се смета и глогот (Crateagus monogina), колец или трн.

Вампирите се сретнуваат под најразличните имиња: свирац - Врање буковац - Срем, плакавац - Херцеговина, мацауро, ларго - Бока Которска, танец - Северозападна Бугарија, дракус - Родопите, Беломорието, Бугарија, гробник - Струшко, Охридско.[2]

Потекло на верувањата во вампирите[уреди | уреди извор]

Многу објаснувања за потеклото на верувањата во вампирите се понудени како објаснување за суеверијата, а понекогаш и масовна хистерија, предизвикана од вампирите. Речиси се од преран погреб до незнаењето за распаѓањето на трупот се смета за верување во вампирите.

Словенска духовност[уреди | уреди извор]

Иако многу култури поседуваат празни суеверија, споредбени со Источноевропскиот вампир. Словенското суеверие за вампирот преовладува над популарниот културен концепт за вампирот. Корените за верувањата во вампири во Словенскта култура се основани нашироко врз духовните верувања и практики на прехристијанските славјански народи и нивното разбирање за животот и смртта. И покрај недостатокот на Прехристијански Словенски записикои ги опишуваат деталите на “старата религија” , многу пагански верувања и обичаи се задржани од Словенските народи и по Христијанството. Примери на такви верувања и практики ги вклучуваат обожувањето на предците, домашни духови, и верувањето за душата по смртта. Потеклото за верувањата во вампири во словенските региони може да се следат до сложената структура на словенската духовност.

Демоните и духовите имаат значајна улога во прединдустриските словенски општества и се сметале за значаен дел од животите на луѓето. Некои од духовите биле добронамерни и можеле да помогнат во работата на луѓето, додека пак другите биле лоши и не помагале. Пример за такви духови се Домовој, Русалка, Вила, Кикимора, Полудница и Водјанов.За овие духови се верува дека потекнуваат од некои предци или одредени починати личности. Овие животни се појавуваат кога сакаат и во различна форма. Некои од нив можат да им наштетат на луѓето, да ги удават, да им ја уништат жетвата или да ја исцицаат крвта од стоката а понекогаш и самите луѓе, оттука Словените биле принудени да им угодуваат на овие духови за да ги го спречат нивното потенцијално настрано и деструктивно однесување.

Словенското верување пројавува јасна црта помеѓу душата и телото. За душата се смета дека не исчезнува. Словените веруваат дека по смртта душата го напушта телото и лута во соседството 40 дена пред да се упокои. Затоа се смета дека треба да се остави отворена врата или прозорец за да може душата да влегува или излегува по волја. Се смета дека за тие 40 дена душата има способност пак да се врати во телото на покојниот. Како и претходно споменатите духови, душата може да донесе благослов или да предизивика штета во куќата и соседството во тој период. Најголем акцент се става на соодветни погребни ритуали за да се обезбеди мирот и благосостојбата на душата по напуштањето на телото[3]. Смртта на некртсено дете, прерана смрт или смрт на непоправлив грешник ( волшебник или убиец) се смета за основа душат да стане нечиста по смртта. Душата нема да биде успокоена ако не се спроведе соодветен погреб. Понатаму тело на кое не е организиран соодветен погреб станува подложно на опседнување од други неупокоени души. Неупокоената душа е опасна и страшна за словените поради можноста за одмазда.

Од овие длабоко вкоренети верувања за смртта и душата потекнува измислицата за словенскиот вампир. Вампирот е манифестација на неупокоена душа, која опседнала тело во распаѓање. Ова суштество се смета за одмаздољубиво и љубоморно кон живите и му треба крв за одржување на телото. Иако овој концепт постои во подевијантни форми ширум словенските држави и некои несловенски соседи, сепак можно е да се следи развитокот на верувањата во вампирите во словенската духовност во прехристијанството во словенските области.

Патологија[уреди | уреди извор]

Распаѓање[уреди | уреди извор]

Во книгата на Пол Барбер се опишува дека верувањето во вампири потекнува од луѓе во прединдустриските општества, кои се обидувале да го објаснат за нив необјаснивиот природен процес за смртта и распаѓањето. Луѓето понекогаш се сомневаат за вампиризам дури и ако мртовецот не изгледа како што би требало да изгледа. Сепак стапките на распаѓање влијаат од многу фактори како што се температурата и почвата, ова ги наведе ловците на вампири да заклучуваат погрешно дека ако трупот воопшто не е распаднат тоа е знак за вампиризам. Духовите се надувуваат од гасовите што се создаваат во телото а покачениот притисок ја турка крвта низ носот и устата. Од ова трупот изгледа “Буцкаст”, “добро нахранет” и “румен”.- ова менува се доколку личноста била бледа и слаба во животот. Во случајот со Арнолд Паол, ексхумираното тело на една старица изгледало поздраво отколку кога била жива изјавле соседите. Изливот на крв оставал впечаток дека трупот неодамна бил вклучен во вампирска активност. Поцрнувањето на кожата е предизвикано од распаѓањето. Пробушувањето на надувано тело во распаѓање може да предизвика крвавење и издувување на насобраните гасови. Од ова може да створи крик кога гасовите минуваат покрај гласните жици или олеснување кога поминува низ аналниот отвор. Одговорните лица во случајот со Петар Плогојовиц тврдат за други чудни звуци , кои авторот од почит ги изоставува.

По смртта кожата и непцата губат течности и се собираат со што ги откриваат корените на косата, ноктите и забите, дури и забите од вилицата. Ова предизвикува забуна дека ноктите, косата и забите пораснале. Во одредена фаза ноктите и косата паѓаат а кожата се лупи, како што е забележано во случајот со Плогојовиц местата каде што биле ноктите се опишани како нови нокти и кожа.

Преран погреб[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека легендите за вампири потекнуваат од луѓе кои се закопани живи поради недостатоците во тогашното медицинско знаење. Во некои случаи каде што се забележани звуци од ковчегот при подоцнежно откопување се забележани траги од нокти на жртвата која гребела да излезе. Во други случаи луѓето ударале со главата и лицето па излегувало дека се “хранеле“ . Проблем во оваа теорија е тоа како луѓето успевале да останат живи без храна, вода и воздух. Алтернативното објаснување е дека звукот се слуша од испуштањето на гасовите од природното распаѓање на телото. Друга причина за растурените гробови се ограбувањата.

Зараза[уреди | уреди извор]

Преданијата за вампири се поврзани со необјаснива смрт од мистериозни болести, обично во истото семејство или соседство. Епидемската алузија е очигледна во случајот со Петар Плогојовиц и Арнолд Паол а уште повеќе во случајот со Мерси Браун и верувањата за вампири во Англија, каде што болеста туберкулоза се поврзувала со вампиризмот. Како и пневмонската форма на бубонската чума која предизвикува распаѓање на белодробното ткиво кое пак предизвикува појавување на крв на усните.

Порфирија[уреди | уреди извор]

Биохемичарот Давид Долфин во 1985 предложи врска помеѓу реткото крвно пореметување порфирија и преданијата за вампири. Кој забележа дека состојбата лекувана преку интравенска трансфузија, предложи дека консумирање на големи количини крв може да предизвика трансфузија преку стомакот во крвотокот. Поради ова вампирите страдаат повеќе од порфирија, се обидуваат да ја заменат крвта и да ги олеснат симптомите. Теоријата е медицински отфрлена, бидејќи заболените од порфирија се жедни за крв во нивниот систем или пак дека консумирањето на крв воопшто може да ги олесни симптомите, кои се погрепно протолкувани во врска со болеста. Дополнително забележано е дека Долфин ги помешал белетристичките (крвопијни) вампири со оние од преданијата, каде што , многу од нив не цицале крв. Слично на ова, направена е паралела помеѓу осетливоста на сончева светлина на заболените а и ова е поврзано со белетристичките а не со вампирите од фолклорот. Како и да е, Долфин не ја објави својата работа пошироко. Медиумска прашина се подигна околу ова иако беше отфрлено од експертите, што му овозможи да влезе во модерниот фолклор.

Беснило[уреди | уреди извор]

Беснилото е поврзано со преданијата за вампирите. Неврологот д-р Хуан Гомес Алонсо во болницата Ксерал во Виго, Шпанија, ја испита оваа можност со Невролошки извештај. Осетливоста на лук и светлина можеби доаѓа од хиперосетливоста која е симптом за беснилото. Болеста доведува до пореметување во мозокот кое го пореметува спиењето (па така стануваат ноќни суштества) и хиперсексуалноста.Легендата вели дека човек нема беснило ако може да си го види својот одраз (алузија дека вампирите немаат свој одраз) Волците и лилјаците кои често се поврзуваат со вампирите можат да бидат носители на беснило. Болеста може да ве натера да каснете некого и да крвавите од устата.

Психодинамично разбирање[уреди | уреди извор]

Во студијата За Кошмарите од 1931 година Ернест Џоунс, психоаналитичар од Велс, забележал дека вмпирите се симбол за неколку неконтролирани нагони и одбранбени механизми. Љубовта, вината и омразата се емоциите кои го поттикнуваат враќањето од мртвите. Со желба за повторно соединување, ожалостените може да развијат идеја дека и неодамна починатите го сакаат истото. Од ова потекнува дека вампирите и сличните суштества ги посетуваат роднините, особено сопружниците. Сепак каде постои вина за повторното соединување, чувството станува нетрпеливост. Ова води до потиснување. При што е поврзано за морбидниот ужас. Џоунс претпоставува дека желбата за (сексуално) соединување може драстично да се промени. Желбата е заменета со страв, Љубовта со садизам а љубените се заменети со непознато суштество. Сексуалниот аспект може но и не мора да биде присутен. Некои модерни критичари предложија поедноставна теорија: луѓето се поистоветуваат со бесмртните вампири бидејќи на тој начин, го надминуваат или привремено се ослободуваат од стравот ос смртта.

Природната сексуалност на цицањето на крвта, може да се согледа како вродена врска меѓу канибализмот и вампиризмот. Многу легенди прикаќуваат суштества кои цицаат други течности од жртвите, очигледна е несовесната врска со спермата. На крај Џоунс забележува дека кога повеќе нормални аспекти на сексуалноста се потиснати, повратните форми можат да бидат изрзаени преку садизам, сметал дека оралниот садизам е битен во однесувањето на вампирите.

Политички сфаќања[уреди | уреди извор]

Повторното враќање на митот за вампирот во модерната доба е со политичка позадина. Аристократскиот Грпф Дракула, само во својот замок освен неколкуте пореметени слуги, се појавува само ноќе за да се храни, претставува симбол на паразитскиот древен режим. Вампирот Носферату на Вернер Херцог им задава ироничен удар на овие политички сфаќања кога неговиот млад херој агент за недвижнини станува следниот вампир, на овој начин капиталистичката буржоазија станува следната паразитска класа.

Психопатологија[уреди | уреди извор]

Бројни убијци имаат изведено навидум вампирски ритуали кај своите жртви. Двата сериски убијци Петар Куртен и Ричард Трентон Чејс се наречени “Вампири” во таблоидите откако е откриено дека ја пиеле крвта од луѓето кои ги убивале. Слично на ова, нерешен случај на убиство во 1932 во Стокхолм. Шведска е насловено како″ вампирско убиство″, од последиците на убиството на жртвата. Унгарската грофица и сериски убиец Елизабет Батори кон крајот на 16 век, во подоцнежните векови ја изгуби славата, бидејќи ја отсликале како се капе во крвта од жртвите што ги убивала за да ја задржи убавината и младоста. Вампирски начин на живот е поим за современа поткултура на луѓето, дел од Готската поткултура, каде за забава пие крв од други луѓе: потекнува од богатата неодамнешна историја на популарната култура поврзана со култниот симболизам, хорор филмовите, фантастиката на Ен Рајс и стилот на Викторијанска Англија. Активниот вампиризам во рамките на вампирската поткултура ги вклучува и крвно поврзаниот вампиризам, општо насловен како сангуин вампиризам и психички вампиризам или наводно чувство на натприродна сила.

Вампири-лилјаци[уреди | уреди извор]

Иако многу култури имаат приказни и за нив Вампирите-лилјаци од неодамна се важен дел од традиционалната вампирска ложа. Всушност тие се интегрирани во преданијата за вампири кога се откриени на копното на Јужна Америка во 16 век. Иако нема такви вампири-лилјаци во Европа, лилјаците и бувовите одамна се поврзувани со наприродните домени но повеќе поради нивните ноќни навики, а во модерната Англиска хералдска традиција лилјакот означува „претпазливост на моќта на темнината и хаосот.“ Трите вида на вампири-лилјаци се ендемски во Латинска Америка и нема доказ кој укажува на тоа дека имаат поредок од Стариот Свет. Па можно е вампирите од преданијат да претставувват извртена слика за вампирите-лилјаци. Лилјаците се именувани според вампирите од фолклорот а не обратно. Oxford English Dictionary ја забележува упоребата во англискиот јазик од 1734 година а зоолошката од 1774 година. Иако касањето од лилјак не е особено опсано за човекот, понато е дека се хранат со луѓето и стоката, оставајќи траг на кожата како да ве каснал вампир. Дракула неколкупати се трансформира во лилјак во романот, а самите лилјаци се споменати двапати во неа.

Вампирот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Вампирот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Вампирот за првпат се појавува во поезијата од XVIII век, како на пример: во поемата „Вампирот“ на Хајнрих Аугуст Осенфелдер, „Ленора“ на Готфрид Аугуст Бургер од 1773 година, „Невестата од Коринт“ на Јохан Волфганг фон Гете од 1797 година, недовршената поема на Самуел Тејлор Кристабел и Лорд Најрон со Гиоур (The Giaour) во 1813 година, додека на Бајрон му се препишува првото прозно дело за вампирите од 1819 година „Вампирот“. Сепак ова дело било напишано од личниот лекар на Бајрон, Џон Полидори, а во него се појавува ликот на вампирот Лорд Рутвен. Подоцна, готската приказна за вампирот Варни, дело на Џејмс Малком Рајмер, била популарна во Викторијанската ера, која излегувала во серија меѓу 1845 и 1847 година. Приказната била објавена како книга во 1847 година, на 868 страници со по две колони. Друго значително дополнение била лезбејската вампирка Кармила на Шеридан Ле Фану од 1871 година.

Сепак најпознато дело за вампирите е веројатно романот „Дракула“ на Брем Стокер, кој започнал да ја истражува оваа проблематика кон крајот на 1800, а кога некој колега во Лондон му ја споменал приказната за Влад Тепеш, „вистинскиот жив Дракула“, Стокер веднаш ја вметнал приказната во книгата. Првото поглавје било испуштено во изданието од 1897 год, но подоцна било објавено како „Гостинот на Дракула“ во 1914 година. Еден од првите „научни“ романи за вампири бил оној на Ричард Метсонс, „Јас сум легенда“ од 1954 година, подоцна употребен како основа за филмовите „Последниот човек на Земјата“ од 1964 година, „Човекот Омега“ од 1971 година и „Јас сум легенда“ од 2007 година. Во 21 век има многу примери за вампирска белетристика како што се: „Братството на Црниот бодеж“ од Ј.Р. Вард, кои се привлечни за младите луѓе.

Вампирите се јавуваат како мотив во повеќе книжевни дела, како:

Вампирот како тема во филмот и телевизијата[уреди | уреди извор]

Како еден од највпечатливите ликови во класичните хорор-филмови, вампирот е честа тема во филмската индустрија и во индустријата за игри. Дракула е главниот лик во речиси сите филмови за вампири при што многу од раните филмови или се засновани на романот за Дракула или се многу слични на него. Од нив, најпознат е германскиот нем филм од 1922 година „Носферату“, во режија на Ф. В. Мурнау, кој е првиот филм кој го прикажува Дракула. Филмот на Мурнау не бил директно заснован врз романот на Брем Стокер, бидејќи Мурану не добил дозвола од вдовицата на Стокер, па поради тоа многу делови од филмот морале да бидат изменети. Дополнение на овој филм е „Дракула“, во продукција на „Јуниверзал“ (Universal), во кој главната улога ја толкува Бела Лугоси. Овој филм е првиот звучен филм кој го прикажува Дракула. Од филмовите снимени во овој период, најзначаен е „Ќерката на Дракула“ од 1936 г.

Легендата за вампирите повторно била обработена во филмовите со славните епизоди на „Хамер Хорор“ (Hammer Horror) со Кристофер Ли во улогата на Грофот Дракула. Успехот на „Дракула“ од 1958 година, со Ли бил проследен со уште во седум дела при што Ли го глумел Дракула во вкупно пет филма прославувајќи се со својата улога. Во 1970-тите, вампирите биле тема во филмовите: „Грофот Јорга“ и „Вампир“ од 1970 година, „Африканскиот Гроф Блекула“ од 1972 година, „Носферату“ од 1979 година, како и преработката на истото дело, „Вампирот Носферату“ со Клаус Кински во главната улога. Притоа, во некои филмови биле претставени и лезбејски антагонисти како што е случајот со „Вљубените вампири“ од 1970 година, заснован на приказната за Кармила. Во 1973 година се појавил и првиот филм со вампири во југословенската кинетамографија - филмот „Пеперутка“ (српски: Лептирица) во режија на Ѓорѓе Кадиевиќ, заснован на расказот на Милован Глишиќ.[9]

Вампирот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Бестрашни убијци на вампири“ (англиски: F.V.K. (Fearless Vampire Killers)) — песна на американската рок-група Бед брејнс (Bad Brains).[10]
  • „Тетоважа - вампир“ (англиски: Tattoo Vampire) - песна на американската рок-група Блу Ојстер Калт (Blue Oyster Cult) од 1976 година.[11]
  • „Носферату“ (англиски: Nosferatu) - песна на Блу Ојстер Калт (Blue Oyster Cult) од 1977 година.[12]
  • „Вампирски блуз“ (англиски: Vampire Blues) - песна на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1974 година.[13]
  • „Водење љубов со вампир со мајмун на моето колено“ (англиски: Making Love to a Vampire with a Monkey on my Knee) - песна на американскиот рок-музичар Капетан Бифхарт (Captain Beefheart) од 1980 година.[14]
  • „Вампира“ (англиски: Vampira) — песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits) од 1982 година.[15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1988). „Вампирите во македонските верувања и преданија“. issuu.com. Посетено на 2022-06-17.
  2. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004, стр.
  3. Танас Вражиновски,Македонска народна митологија, Матица Македонска, Скопје,2002, стр. 220 - 228
  4. Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 57-58.
  5. Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 42-50.
  6. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 83.
  7. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 283.
  8. „Beleška o piscu“, во: Borislav Pekić, Sentimentalna povest Britanskog carstva (drugo izdanje). Novi Sad: Solaris, 2006, str. 329-330.
  9. РТС (пристапено на 10.1.2019)
  10. Discogs, Bad Brains ‎– Rock For Light (пристапено на 10.11.2019)
  11. YouTube, Blue Oyster Cult: Tattoo Vampire (пристапено на 4.4.2018)
  12. Blue Oyster Cult: Nosferatu - YouTube (пристапено на 24.4.2018)
  13. Discogs, Neil Young ‎– On The Beach (пристапено на 17.10.2018)
  14. YouTube, Making Love to a Vampire with a Monkey on my Knee - Captain Beefheart & His Magic Band (пристапено на 3.10.2017)
  15. Misfits – Walk Among Us (пристапено на 2.4.2023)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]