Задушница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден се официјално признати од црквата, па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.[1]


Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Тогаш, верниците ги посетуваат гробовите на своите најблиски, таму држат помен и делат храна за душа на умрените. Притоа, во секоја црква се служи литургија за упокоените. Инаку, во црквата постојат два вида задушници: општи и засебни. Засебните задушници се одржуваат од семејствата во спомен на нивните упокоени роднини, а општите задушници ги назначува црквата, грижејќи се за сите свои упокоени верници. Така, секоја сабота, црквата во своите молитви се обраќа кон сите светци, сеќавајќи се на сите претходно упокоени верници.[2]

Литература[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Запалете свеќа и скршете орев за душа на упокоените“, Дневник, година XVIII, број 5606, сабота, 1 ноември 2014, стр. 28.
  2. „Запалете свеќа и скршете орев за душа на упокоените“, Дневник, година XVIII, број 5606, сабота, 1 ноември 2014, стр. 28.