Ладо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Лада“ од М. Пресњаков, 1998.

Лада, Ладо, Ледо е поим кој се сретнува во обредните песни. Сеуште стои како дилема дали претставувало божество, демон или само обреден елемент. Чајкановиќ претпоставува дека зад ова име стои божествена епиклиза.

Во пантеонот на словенските божества можеме да го идентификуваме преку некои податоци од полски извори: во 15-иот век било забранувано плескање со рацете со кое се повикувале некои пагански божества (идоли) меѓу кои и Ладо. Според некои истражувачи Леда е женско божество, а Кулишиќ спрема времето (пролет) во кое се изведувал обредот (кралици) претпоставува дека се однесува на обредите посветени на култот на претците кои се насочени кон аграрните потреби, исто така дава можност за небесно божество од кое се бараат дожд и плодност.

Се спомнува и како божица на бракот, а во Хрватска и Словренија за Иванден и Духовден се пееле песни ладарици кои во рефренот го содржувале збор ‘ладо’. Траги за Лада како заштитничка на бракот, љубовта и младешката невиност се сретнувале во новогодишните и пролетните фолклорни елементи кај повеќето словенски народи.


Користена литература[уреди]

  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN 9989-918-97-X.