Дажбог
|
|
Предложено е оваа статија да се спои со статијата Дождобог. (разговор) |
Дажбог долго бил идентификуван како Дајбог, но со најновите истражувања се повлекува линијата на разграничување. Дажбог бил прататко на рускиот народ, во ‘Слово за полкот Игорев’ тие се нарекуваат како негови внуци, а руските кнезови негови директни потомци. Неговиот култ бил поврзан со сонцето, бил бог дарител кој носел среќа и благосостојба.
Според рускиот летопис од 12-от век синот на Сварог бил Дажбог; во Хрониката на светот од Јован Малала од пред 10-от век, по смртта на Сварог власта ја презел синот му Сонце- Дајбог. Се среќава и во некои други руски и јужнословенски записи. Во богомилската дуалистичка перцепција на светот дадени му се атрибутите на сатана.
Дажбог се среќава и кај Јужните Словени, особено кај Србите. Постоеле верувања дека е тој бог кој дарува богатство, но неговото име било доведувано и во врска со збопрот дажд/ дожд, па од таму му се придавале и особините на бог кој дарувал плодност и бил заштитник на аграрот, бог кој создава услови за зреење на посевите, па веројатно од таму и неговото доведување во врска со сонцето.
[уреди] Литература
- Стојковска, Гордана (2004). „Речник на јужнословенска митологија“. Издавачки центар Три. ISBN 9989-918-97-X.
|
|||||||||||||||||||