Симаргл

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Симаргл (Семаргл) познат и како Огнебог (Бог на огнот) е старословенски бог на огнот и на месечината, заштитник на семињата и посевите, истерувач на зимата и најавувач на пролетта. Најчесто е претставен во облик на крилест пес, но постојат многу разновидни стилизирани прикази со неговиот лик.

Огнот, старите Словени го поврзуваат со настанокот на луѓето. Според некои верувања, боговите прво ги создале мажот и жената од две борини меѓу кои се разгорел оган, првиот пламен на љубовта. Симаргл е во постојана борба против злото. Симаргл е помалку познат, но постојат податоци дека бил почитуван и меѓу Македонците. Карактеристичен пример е рељефната плоча поставена над влезната врата на Св. Никола во Нир, во Шишевскиот манастир над езерото Матка кај Скопје на која покрај другите симболи е претставен и Симаргл.

Симаргл најчесто се поврзува со персиското божество Симург кој, исто така, се претставува во облик на крилест пес, со глава од грифон.


Библиографија[уреди]

1. http://www.dazzle.ru/spec/bogi-13.shtml.; http://ru.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B3%D0%BB.

2. Никос Чаусидис. Митските слики на Јужните Словени. Скопје: Мисла, 1994.

3. Симаргл. http://www.simargl.com.mk/Simargl_mk.html.