Дождобог
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Предложено е оваа статија да се спои со статијата Дажбог. (разговор) |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Дождобог е словенски бог и се сретнува и како: Дажбог, Дајбог, Дабог. Според Ипатиевскиот летопис од 12 век, тој е син на Сварог. Ако направиме една груба паралела со грчката митологија, и Уран го споредиме со Сварог, тогаш Дажбог, според она што го знаеме за него, може да биде доближен до Аполон. Дажбог е бог на светлината, топлината и сонцето. Во некои списи, Словените се нарекуваат Дажбогови внуци, што, секако сведочи за неговото високо место во словенската митологија. Така, во драгоцениот руски еп "Словото за полкот Игорев" (12 в.)стои:
Тогаш, во времето на Олег Злославич,
се сееше и буеше неслога насекаде,
гинеа благо Дажбоговите потомци,
во буните кнежевски, човечкиот век се кратеше.
Познатиот истражувач на македонската народна митологија, д-р Танас Вражиновски, во Мариовско запишал едно предание, во кое е зачувано името на овој словенски бог. Меѓу другото, таму стои:
"...А бог Дај Бог, значи, ги давал луѓето, а бог Перун да растат и луѓето и стоката, а богињата Морена ги земала."
Уште еден редок и драгоцен запис на Вражиновски од с. Вранешница сведочи за споменот за Дажбог во нашите краишта:
"Во стари времиња, тоа се кажуваше, се веруваше многу во Господа. Луѓето ќе се крстат, еден Дај Бог, други Зли Бог, и така многубоштвото."
Дажбог нашол свое место и меѓу идолите на кнезот Владимир. Хроничарот Нестор (10 в.) пишува:
"И постави (Владимир) кумири на брдото над својот дворец: на Перун, од дрво, со сребрена глава и златна брада; на Хорс и Дажбог и Стрибог и Симаргл и Мокош."
[уреди] Литература
- Б. А. Рыбаков "Язычество древних славян"
- Вражиновски, Танас: "Народна митологија на Македонците" 1 и 2
- Vasiljev Spasoje: "Slovenska mitologija"
|
|||||||||||||||||||
