Хорс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хорс е источнословенско божество за чија функција се смета дека најверојатно бил бог на Сонцето. Неговиот древен идол се наоѓал на рид во Киев, покрај идолите на Перун, Дажбог, Стрибог, Симаргл и Мокош. Се претпоставува дека ликот на тоа божество бил формиран под влијаниа од југот. Понекогаш се појавува и под името Сурија (постои и хинуистичко боежство со истото име) односно Зорја. Древните Словени верувале дека Свароговиот син кова ново Сонце и дека Суриевите коњи го пренесуваат преку небото.