Мокош
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Мокош е една од најпочитуваните словенски божици, во неа е зачуван споменот за Големата Божица Мајка. Таа е божица на плодородноста, покровителка е на женските работи и среќата на девојките. Таа зазема едно од централните места во Збручанскиот идол (еден од најдрагоцените материјали од словенското паганство), каде во рака го држи рогот на изобилието. До нејзиниот идол се наоѓаат и идолите на Лада, Перун и, веројатно, Дажбог. Таа се наоѓала и меѓу идолите на кнезот Владимир. Хроничарот Нестор вели:
"И постави (Владимир) кумири на брдото над својот дворец: на Перун, од дрво, со сребрена глава и златна брада; на Хорс и Дажбог и Стрибог и Симаргл и Мокош."
Во "Словото за идолите" се вели дека Словените им поднесувале жртви на:
"...вилите и Мокош Дива,
на Перун,
на Хорс..."''
За жал, не можеме да бидеме сигурни како да го разбереме соседството на зборовите Мокош и Дива. Не е сосема јасно дали станува збор за две божици или, едноставно, Мокош е наречена и Дива, бидувајќи така женска паралела на небесниот Див, Диј (Сварог, Род). Сметаме дека поверојатно е второто.
Литература [уреди]
- Б. А. Рыбаков:"Язычество древних славян"
- Вражиновски, Танас: "Народна митологија на Македонците"
- Vasiljev, Spasoje: "Slovenska mitologija"
- Zaroff, Roman: "Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?"
|
|||||||||||||||||||
| Оваа статија поврзана со митологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |