Лада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на Лада

Ладаавтомобилска марка на руското државно претпријатие АвтоВАЗ (поранешен ВАЗ). Почнувајќи од 2004 година, автомобилите Лада се продаваат под името LADA (напишано со големи букви и на латиница). Од јануари 2021 до мај 2022 година, заедно со Дачија, Лада била дел од деловната единица на Рено, Лада-Дачија. Првите автомобили на АвтоВАЗ биле произведени со помош на Фиат, а се продавале со името „Жигули“, а во 1973 година се појавила автомобилската марка Лада, најпрвин само на странските пазари, а во 1990-тите станала главен производ на АвтоВАЗ. Во 2016 година, Рено ја презела контролата врз Лада, откако претходно (во 2008 година) започнала техничката соработка меѓу Рено и АвтоВАЗ при што Рено стекнал малцински удел. Меѓутоа, во 2022 година, Лада била вратена во сопственост на руската влада. Надвор до источноевропските земји, возилата Лада обично се познати по далеку пониската цена во споредба со нивните конкуренти.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "АвтоВАЗ" начнет производство LADA Xcode в течение пяти лет“. Vedomosti. 28 August 2016. Посетено на 15 December 2017.