Орев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орев
Обичен орев (Juglans regia)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Розиди
Ред: Буковидни
Фамилија: Ореви
Род: Орев
L.
Видови

во текстот.

Орев (науч. Juglans) — род на дрва од фамилијата ореви (Juglandaceae) чиј плод се користи во секојдневната исхрана. Ова се листопадни дрва со висина од 10 до 40 м и листови долги по 2–9 см, со по 5–25 ливчиња на секоја дршка. Плодот има јатка која ја дели внатрешноста на два дела.

Родот опфаќа 21 вид, распространет од умереноконтиненталните стариот свет од Балканот на запад до Јапонија на исток. Во Америка, видовите се застапени од југоисточна Канада до Калифорнија и на југ до Аргентина.

Во Македонија оревот традиционално се употребува во копаничарството, за покуќнина и иконстаси и за изработката на народни инструменти како шупелка, зурла и тн. Содржината на оревот наоѓа најразлична примена во народната кујна. Јатката се става да одлежи во ракија, со која таа добива боја и вкус. Од неа се добива и материјал за боење.

На празникот Духовден, гробовите се прекривале со оревови листови

Орев во месестата плодна обвивка
Кора на црн орев (J. nigra)

Таксономија[уреди]

Родот се дели на четири оддели:[1]

  • Juglans sect. Cardiocaryon — многу големи листови (40–90 см), со 11–19 ливчиња. Дрвото е меко. Плодовите имаат дебели лушпи. ПОтекло од североисточна Азија.
    • J. ailantifolia Carr. (J. cordiformis Maxim., J. sieboldiana Maxim.)—Japanese walnut
      • J. ailantifolia var. cordiformis — јапонски орев
    • J. mandshurica Maxim. (J. cathayensis Dode, J. formosana Hayata, J. hopeiensis Dode, J. stenocarpa Maxim.) — манџурски орев, кинески орев
  • Juglans sect. Juglans — големи листови (20–45 см), со 5–9 широки ливчиња, Црвсто дрво. Потекло од Балканот до централна Азија.
  • Juglans sect. Rhysocaryon — црни ореви. Големи листови (20–50 см), со 11–23 тенки ливчиња. Кај некои видови дрвото е многу цврсто. Потекло од С. и Ј. Америка.
    • J. australis Griseb. (J. brasiliensis Dode) — аргентински орев
    • J. boliviana (C. DC.) Dode — боливиски орев, перуански орев
    • J. californica S.Wats. — калифорниски црн орев
    • J. hindsii (Jepson) R.E.Smith — Хајндсов црн орев
    • J. hirsuta Manning — новолеонски орев
    • J. jamaicensis C.DC. (J. insularis Griseb.) — јамајкански орев
    • J. major (Torrey) Heller (J. arizonica Dode, J. elaeopyron Dode, J. torreyi Dode) — аризонски црн орев
      • J. major var. glabrata Manning
    • J. microcarpa Berlandier (J. rupestris Engelm.) — тексашки црн орев
      • J. microcarpa var. microcarpa
      • J. microcarpa var. stewartii (Johnston) Manning
    • J. mollis Engelm. — мексикански орев
    • J. neotropica Diels — неотропски орев
    • J. nigra L. — црн орев
    • J. olanchana Standl. & L.O.Williams — ногал
      • J. olanchana var. olanchana
      • J. olanchana var. standleyi
    • J. peruviana Dode — перуански орев
    • J. soratensis Manning
    • J. steyermarkii Manning — гватемалски орев
    • J. venezuelensis Manning — венецуелски орев
  • Juglans sect. Trachycaryon. Многу големи листови (40–90 см) со 11–19 широки ливчиња. Дрвото е меко. Плодовите во групи од по две до три, со дебела груба кора и остри сртови. Потекло од источна С. Америка.

Најпознат вид од родот е обичниот орев (J. regia), со автохтон ареал на Балканот, југозападна и централна Азија до Хималаите и југозападна Кина.

Одгледување и употреба[уреди]

Охридски копаничар како работи во оревово дрво

Двата вида од најголемо стопанско значење се обичниот орев (J. regia) за дрвен материјал и плодовите, и црниот орев J. nigra за дрвена граѓа. Обата вида се нашироко застапени и имаат разни сорти.

Дрвото е светлољубиво и треба да се штити од ветер, но затоа се мошне отпорни на суша.

Меѓу оревовите насади се садат растенија што го врзуваат азотот како дафината (Elaeagnus × ebbingei или Elaeagnus umbellata) и разни видови евла, со што се добива до 30% повисоко и подебело стебло.[2]

Цветање[уреди]

Цветовите излегуваат на пролет. Машките се валчести реси што настануваат од лански безлисни изданоци. Долги се околу 10 см и имаат голе број цветчиња. Женнските се јавуваат во снопови, во екот на разлистувањето.[3]

Дрво[уреди]

Оревовото дрво е темно, густо и многу мазно со обработка. Бојата се движи од драп во понадворешните до темнокафеава во внатрешните делови. Кога се суши во печка, дрвото добива матна кафеава, а на воздух богата виолетово-кафеава боја. Ужива голема популарност во резбарството поради бојата и цврстиот состав. Особена примена наоѓа во изработката на мебел, украсни предмети, кундаци за пушки и музички инструменти.

Хранллива вредност[уреди]

Оревот е важна состојка на баклавата.

Во 100 гр ореви има:[4]

  • калории: 654
  • масти: 65 гр
  • јаглехидрати: 14 гр
  • влакна: 6,7 гр
  • белковини: 15 гр

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Aradhya, M. K., D. Potter, F. Gao, C. J. Simon: "Molecular phylogeny of Juglans (Juglandaceae): a biogeographic perspective",Tree Genetics & Genomes(2007)3:363–378
  2. Hemery, G.E. (2001) "Growing walnut in mixed stands", Quart. J. Forestry, 95, стр. 31–36
  3. Овошни и оревни дрва (англиски)
  4. http://www.nal.usda.gov/fnic/foodcomp/search/
  • Brinkman, K.A. (1974) "Juglans L. - Walnut", in: Schopmeyer, C.S. (ed.), Seeds of woody plants in the United States, Agriculture Handbook 450, Washington, D.C.: U.S. Department of Agriculture, Forest Service, p. 454–459, (rev. ed.: 1992), ISBN 0-931146-21-6

Надворешни врски[уреди]

Одгледување[уреди]

Здравствени и кулинарски особини[уреди]