Ареал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ареал на рисот во Македонија (2002)
Распространетост на јаворот во светот

Ареал (од лат. areale = „подрачје“), распространетост или дистрибуција e природната распространетост на некоја група растенија или животни[1], т.е. географското подрачје во кое може да се сретне еден вид.

Поимот има различни варијанти, зависно од контекстот:

  • понекогаш се прави разлика помеѓу автохтон ареал на еден вид и местата кајшто видот е доведен со човековите активности (намерно или несакајќи), како и местата кадешто е повратен во природата ако бил претходно искоренет.
  • кај видовите што живеат во различни подрачја во различни годшни времиња, се користат поимите летен ареал и зимски ареал.
  • кај видеовите кои се размножуваат само во извесен дел од нивниот ареал не важат поимите расплоден ареал и нерасплоден ареал.
  • кај животните што се постојано во движење, се зборува за природниот ареал, наспроти местата кајшто видот се јавува како скитник.
  • честопати се додаваат географски и временски определници: македонски ареал или ареал пред 1930 г.

Постојат барем пет вида на распространетост:

  • расеана/произволна (произволна распределеност)
  • збирна/групирана (мнозинството е сконцентрирано во едно подрачје)
  • линеарна (поставеноста образува линија)
  • радијална (поставеноста образува облик ' х ')
  • правилна/подредена (нема никаква произволност, туку видот следат рамномерна шема, како во решетка)

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „ареал“ - Лексикон на македонскиот јазик, Он.нет