Македонски народни инструменти

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Податотека:Тешкото 2.jpg
Тешкотооро со традиционални инструменти

Македонските народни инструменти начелно се делат во следниве групи: традиционални и ориентални инструменти.

Традиционални и ориентални[уреди]

Гајдата, кавалот, шупелката, дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето се сметаат за традиционални инструменти. Со мали варијации, грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и обично се составен дел од ансамблите во ориентален стил наречени чалгии.

Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации:

  • зурлата/тапанот можат да се слушнат на свадби и други слави каде се свири народна музика.
  • гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено по селата. Обично се свири со пар кавали, тамбура и некои ударни инструменти (тапанче/дајре/тарабука).
  • тарабуката исто така се смета за традиционален инструмент, иако истата била донесена во Македонија во XV и XVI век век од Турците.

Чалгија[уреди]

Интересен жанр на македонската народна музика е чалгијата. Во Македонија, чалгија значи ансамбл составен од свирачи на инструменти од персиско-арапско потекло. Чалгијата е типична „староградска музика“, која веќе долго се негува во многу градови, особено во Велес, Охрид, Битола и Солун и со себе носи силни ориентални влијанија, како што може да се забележи по стилот на изведба. Меѓутоа, со време, македонската чалгија се здобила со специфичен тонален дијалект и израз. Чалгии се свират на свадби, верски празници (Божиќ, Велигден и др.), обреди, панаѓури и тн.

Некои македонски народни инструменти[уреди]

Дувачки[уреди]

Ударни[уреди]

Жичени[уреди]