Македонски ора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Македонските народни ора имаат важно место во македонскиот фолклор и музичка традиција.

Зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора можат да се поделат во пет регионални групи: западни, југозападни, јужни, северни и источни.

Македонските ора се бројни и разновидни. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите.

Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, обично на сретсело, пред црквите, училиштата и куќите.

Ората може да бидат отворени и затворени, а играчите се држат за раце, или за рамиња, или за појасите, или под рака или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч, кои може да изведуваат додатни чекори и движења. Ората се вијат обично на десно, но има и ора што се вијат на лево.

Ората се придружувани од народни инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре. Чалгииските дружини, кои обично имаат виолина, кларинет, ут, лејта, канон и дајре, се карактеристични за градовите.

Македонските ора обилуваат со кореографски движења како: полу-свртување, клекнување, потскокнување, подрипнување, трусање, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други.

Промената на ритамот се јавува кај повеќе ора, и тоа обично од бавно кон брзо.

Најчести ритми се: 2/4 и 7/6 (3,2,2), (3/4, 3/8, 4/4, 6/8, 5/16 (2,3), 7/16 (2,2,3), 8/16 (3,2,3), 9/16 (3,2,2,2), (2,3,2,2), 11/16 (2,2,3,2,2) и (3,2,2,2,2), 122/16 (3,2,2,2,3), 13/16 (3,2,3,2,3), 18/16 (2,2,3,2,2,2,3) и 22/16(2,2,3,2,2,3,2,2,2). Во нашата татковина-Македонија постојат различни видови ора.Најпознати од нив се: -Правото, -Пајдушкото, -Елено моме, -Чупурлика. Постојат и други видови ора кои се применуваат во одреден дел од нашата држава.Ние се гордееме со играорците кои не претставуваат во другите држави во Европа и во светот.Играорците кои играат оро нисат народни носии кои припаѓаат во тој град. Ората се танцови кои се наша традиција(се пренесуваат од колено на колено).


Видови ора[уреди]