Квентин Тарантино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Квентин Тарантино
Quentin Tarantino.jpg
Тарантино на премиерата на филмот Грајндхаус во Остин, Тексас, март 2007
Роден(а) Квентин Џероум Тарантино
27 март 1963
Ноксвил, Тенеси, САД
Активност 1987–денес

Квентин Тарантино (роден 27 март, 1963) е американски филмски режисер, сценарист и глумец; добитник на Оскар и Златна палма. Тој се издигна до слава во раните 1990-ти како независен филмски уметник чии филмови користеа нелинеарен тек на приказната и стилизирано насилство. Во неговите филмови се вклучуваат Касапски кучиња (1992), Евтини приказни (1994), Џеки Браун (1997), Убиј го Бил (прв дел 2003, втор дел 2004) и Отпорен на смрт (2007).

Биографија[уреди]

Ран живот[уреди]

Тарантино бил роден во Ноксвил, Тенеси, син на Кони Цаступил, медицинска сестра, и Тони Тарантино, глумец и музичар-аматер роден во Квинс, Њујорк.[1] Таткото на Тарантино бил Американец со италијанскo потекло, а неговата мајка имала делумно потекло од индијанското племе Чероки.[2][3][4] Откако го напуштил средното училиште во Харбор Сити, Калифорнија на возраст од 15 години, отишол да учи глума во „Џејмс Бест театарската компанија“. Ова се покажало како влијателно во неговата филмска кариера. На возраст од 22 години, се вработил во „Менхетен бич видео архивите“, сега застарена видеотека во Менхетен Бич, Калифорнија, каде тој и неговите пријатели, исто така филмски фанатици, како Роџер Ејвери, по цел ден дискутирале и препорачувале филмови на муштерии, меѓу кои бил и актерот Дени Стронг.[5]

Филмска кариера[уреди]

Тарантино има бројни соработки со режисерот Роберт Родригез

Сценариото на Тарантино, Вистинска романса, било откупено и евентуално издадено во 1993.[6] Откако Тарантино го запознал продуцентот Лоренс Бендер на една холивудска забава, Бендер го охрабрил да напише друго сценарио. Во јануари 1992 вториот филм на Тарантино, Касапски кучиња, кој претставува неговото режисерското деби, е прикажан на Санденс филмскиот фестивал. Филмот собра критичко признание, а режисерот стана легенда во Велика Британија во кругот на култни филмови. Касапски кучиња беше филм за грабеж, придвижен од многу дијалог. Овој филм ќе го постави тонот на неговите понатамошни дела. Тарантино го напишал сценариото за три и пол недели и Бендер го препратил до режисерот Монте Хелман. Хелман му помогнал на Тарантино да го обезбеди буџетот за филмот од Ричард Фледстин од „Live Entartainment“ (која подоцна стана „Artisan“). Харви Кител го прочитал сценариото и исто така помогнал во обезбедувањеро на фондовите, а зел и една од главните улоги во филмот. [7]

Второто сценарио кое Тарантино го продал било Родени убијци. Режисерот Оливер Стоун направил поголеми промени со кои Тарантино не се согласувал. Како резултат на тоа, Тарантино се откажал од заслугата за сценариото. Следејќи го успехот на Касапски кучиња, Тарантино бил неколку пати пристапен од Холувуд за ангажман во разни проекти, вклучувајќи го Брзина и Луѓе во црно. Тој ги одбил понудите и се повлекол во Амстердам да работи на сценарито за Евтини приказни, кој му ја донесе Златната палма на Канскиот филмски фестивал. Евтини приказни го доби и Оскарот за најдобро оригинално сценарио, кој Тарантино го подели со Роџер Ејвери, а беше и номиниран за најдобар филм.

По Евтини приказни тој ја режирал четвртата епизода од Четири соби, сегментиот „Човекот од Холивуд“; таа била посвета на една епизода од Алфред Хичкок претставува, антологиската телевизиска серија режирана од Алфред Хичкок. Четири соби бил заеднички труд со филмските работници Алисон Андерс, Александр Роксвел и Роберт Родригез. Филмот доби слаб прием кај публиката и критичарите. Исто така, тој глумел и го напишал сценариото на филмот на Родригез, Од самрак до зори, кој доби мешани реакции од критичарите, а сепак доведе до две продолженија, во кои Тарантино Родригез имаа улоги само на извршни продуценти.

Третиот игран филм на Тарантино[8] е Џеки Браун (1997), адаптација на Rum Punch, роман од Елмор Леонард. Филмот е посвета на т.н. црно-експлоататорски филмови, филмски жанр наменет за црната американска публика. Овде главната улога ја имаше Пам Гриер, која глумела во многу филмови од тој вид во седумдесеттите. Тогаш тој планирал да го направи и воениот филм Inglorious Bastards, но го одложил за да го напише и режира Убиј го Бил (објавен во како два филма), високо стилизиран „одмазнички“ филм во кинематографските стилови на кинеските филмови со борбени вештини, шпагети вестерните и италијанскиот хорор стил на филмови. Базиран е на лик (Невестата) и заплет кој тој и главната актерка, Ума Турман, го развиле за време на снимањето на Евтини приказни. Bo 2004 Тарантино се вратил во Кан каде служел како претседател на жири. Убиј го Бил не бил во натпреварот, но го објавил на последната ноќ од филмскиот фестивал во неговата оригинална тричасовна верзија.

Тарантино објавил во 2005 дека неговиот следен проект ќе биде Грајндхаус, кој го режирал заедно со Родригез. Издаден во кино салите на 6 април 2007, придонесот на Тарантино кон Грајндхаус бил во проект со наслов Отпорен на смрт. Почнува како филм од седумдесеттите, посветен на сериските убијци,[9] но еволуира драматично како што се проектот развива. Продажбите во бокс-офисот биле значително под очекувањата на анализите и покрај позитивните критики кои филмот ги добил.

Меѓу неговите продуцентски заслуги се вклучува хорор филмот Хостел (кој вклучува неколку наводи на својот Евтини приказни), адаптацијата на романот на Елмор Леонард, Killshot (за кој Тарантино еднаш напишал сценарио) и Hell Ride (напишан и режиран од ѕвездата на Убиј го Бил, Лери Бишоп). Тарантино има заслуга како „специјален гостин-режисер“ за неговата работа во секвенцата со автомобилот со Клајв Овен и Бенисио дел Торо на нео ноар филмот на Роберт Родригез, Град на гревот (Sin City). Во 2005 Квентин Татантино ја добил наградата „Икона на деценијата“ на „Сони Ериксон емпајр наградите“. На 15 август 2007, филипинската претседателка Глорија Макапагал-Аројо му врачила награда за животно остварување во Малакананг палатата во Манила.[10]

Работа[уреди]

Естетика[уреди]

Филмовите на Тарантино се прочуени по нивниот остар дијалог, изместена хронологија и опсесии со поп културата. Неговите филмови имаат многу сцени со распрскана и течна крв која е графички насилна во естеска смисла. Неговите прикази на насилство исто така се забележани за нивната обичност и хумор, како и за тензијата и квалитетната бескомпромисна реалност.

Влијанија[уреди]

Во режисерската анкета од 2002 на Sight and Sound, Тарантино ги открил своите омилени дванаесет филма: Добриот, лошиот и грдиот; Рио Браво; Таксист; Неговата девојка Фрајдеј; Rolling Thunder; Сите се смееја; Големото бегство; Кери; Кофи; Dazed and Confused; Пет прста на смртта; и Hi Diddle Diddle.[11] Тој исто така ги навел како омилени и филмовите Blow Out, One-Eyed Jacks, За неколку долари повеќе, Bande à part, Без здив (филм од 1983), Le Doulos, Тие живеат ноќе, Star Trek II: The Wrath of Khan, Ride in the Whirlwind, The Searchers, Добри момци and The Long Goodbye.

Кастинг

Тарантино често користи глумци со кои работел на неговите претходни филмови:

Глумец Роденденот на мојот најдобар пријател
(1987)
Касапски кучиња
(1992)
Евтини приказни
(1994)
Четири соби
(1995)
Џеки Браун
(1997)
Убиј го Бил 1
(2003)
Убиј го Бил 2
(2004)
Отпорен на смрт
(2007)
Мајкл Бовен X X
Стив Бушеми X X
Кејти Грифин X X
Сид Хајг X X
Бренда Хилхаус X X
Семјуел Л. Џексон X X X
Линда Кај X X X
Харви Кител X X
Мајкл Медсен X X X
Џејмс Парк X X
Мајкл Паркс X X X
Тим Рот X X X
Ума Турман X X X
Брус Вилис X X
Квентин Тарантино X X X X X X


Филмографија[уреди]

Режисер[уреди]

Вклучени филмови[уреди]

Можни идни проекти[уреди]
  • Неславни копилиња[12]
  • Дојди напиј се со мене[13]
Напуштени проекти[уреди]
  • Браќата Вега

Кратки филмови/ТВ[уреди]

Соработувал во филмовите[уреди]

Сценарист[уреди]

Глумец[уреди]

  • Роденденот на мојот најдобар пријател (1987) како Кларенс Пул
  • Касапски кучиња (1992) како Г-дин Кафеав
  • Евтини приказни (1994) како Џими Димил
  • Sleep With Me (1994) како Сид
  • Destiny Turns On the Radio (1995) како Џони Дестини
  • Четири соби (сегмент „Човекот од Холивуд“) како Честер Раш
  • Десперадо (1995) како Pick-up Guy
  • Од самрак до зори (1996) како Ричи Геко
  • Girl 6 (1996) as Q.T.
  • Џеки Браун (1997) како Глас на телефонската секретарка.=
  • Little Nicky (2000) како Луд свештеник
  • Alias (ТВ серија) (2001) како МекКанас Кол
  • BaadAsssss Cinema (2002) (документарец)
  • Убиј го Бил (2003) како член на Crazy 88 бандата.=
  • Z Channel: A Magnificent Obsession (2004) (документарец)
  • The Muppets' Wizard of Oz (2005) како режисерот на Кермит
  • Грајндхаус (2007) како Силувач #1 (Планета Терор)/Ворен Шанкерот (Отпорен на смрт)
  • Sukiyaki Western: Django (2007) како мистериозниот човек Ринго

Продуцент[уреди]

Презентер[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Quentin Tarantino Biography (1963-)“. „filmreference.com“. http://www.filmreference.com/film/96/Quentin-Tarantino.html. конс. 9 јануари 2008. 
  2. Faces of the week“, BBC NEWS, 14 мај 2004.
  3. 3 Quentin Tarantino“, Entertainment Weekly, 30 декември 1994.
  4. Quentin and His Films
  5. Detailed interview with Danny Strong
  6. http://www.imdb.com/name/nm0000233/
  7. Keitel heard of the script through his wife, who attended a class with Lawrence Bender (see Reservoir Dogs special edition DVD commentary)
  8. [http://www.imdb.com/name/nm0000233/ Quentin Tarantino
  9. Quentin Tarantino: Defending Death Proof video interview with stv.tv/movies, September 2007
  10. Tarantino rides pedicab to escape traffic to Philippine presidential palace“, International Herald Tribune, 15 август 2007.
  11. How the directors and critics voted
  12. Tarantino to finish writing Inglorious Bastards
  13. Weinsteins investing in Asian films

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Англиски јазик[уреди]