Добриот, лошиот и грдиот

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


„Добриот, лошиот и грдиот
Il buono, Il brutto, Il cattivo
Goodbadugly.JPG
Плакат на англиски јазик
Режирано од Серџо Леоне
Продуцент Алберто Грималди
Сценарист Приказна:
Серџо Леоне
Лучано Винченцони
Сценарио:
Аџе и Скрапели
Настапуваат Клинт Иствуд
Илај Волак
Ли Ван Клиф
Марио Брега
Ал Малок
Музика Енио Мориконе
Кинематографија Тонино Дели Коли
Монтажа Оригинал:
Еугенио Алабисо
Нино Бараљи
Поправена верзија:
Џо Д’Агустине
Дистрибутер United Artists
Премиера Италија 23 декември, 1966
САД 29 декември, 1967
Времетраење 179 мин.
(161 мин. кино верзија)
Држава Италија
Јазик италијански; англиски
Буџет 1.300.000 долари
Претходен За неколку долари повеќе

Добриот, лошиот и грдиот (на италијански Il buono, il brutto, il cattivo) е шпагети вестерн филм од 1966, режиран од Серџо Леоне и со Клинт Иствуд (Добриот), Ли Ван Клиф (Лошиот) и Илај Валак (Грдиот) во главните улоги. Филмот се одвива во 1862, за време американската граѓанска војна и раскажува за три мажи што бараат закопано воено злато. Филмот е особено познат по краткиот но впечатлив саундтрак на Енио Мориконе, како и по клучната пресметка на гробиштата меѓу трите главни ликови. Она што луѓето често го игнорираат е алегориската природа на филмот, којашто повлекува линија меѓу трите лика и Христос, Сатаната и Човештвото. Филмот е сниман во Технископ од страна на наградуваниот Тонино Дели Коли. Често се наоѓа на списоци на најдобрите филмови на сите времиња.

Филмот содржи многу белези на Леоне, како сув дијалог, долги сцени што постепено се надградуваат до климакс (за овој филм, во форма на мексиканска престрелка) и контраст меѓу долги опфатни кадри и екстремно тесен фокус на очи и прсти. Првите 10 минути од филмот немаат дијалог.

Филмот е дел од лабаво поврзаната трилогија на претходните филмови на Леоне, За грст долари и За неколку долари повеќе. Иствуд е главниот лик во сите три, со истите наметка и манири, така што неговиот лик е популарно наречен „Човекот без име“ (всушност, ликот е три пати наречен „Џо“ во првиот, еднаш наречен „Манко“ во вториот, и постојано нарекуван „Блонди“ т.е. „Плавуш“ во третиот). Добриот, лошиот и грдиот се смета за хронолошки претходник на првите два филм бидејќи ликот на Иствуд постепено се стекнува со наметката што ја носи во другите филмови - иако самиот филм е многу поепски во својот спектар.

[уреди] Дејство

Филмот говори за тројца мажи кои бараат, често на сметка на оној другиот, информации за локацијата каде се закопани парите на војната Конфедерација за време на Американската граѓанска војна. Првиот лик со кој се запознаваме е Туко, „Грдиот“, за кој е распишана потерница со награда заради разни злосторства. Туко е во партнерство со Блонди („Добриот”), кој го доведува до шерифот, ја зема наградата која двајцата ја поделуваат после што Блонди го спасува Туко во последен момент. Во меѓувреме, третиот човек, Ангелски очи, наречен „Лошиот“ дознава за скриеното злато кое е во рацете на војникот од војната Конфедерација, Бил Карсон. Лошиот оди во потрага по богатството.

Блонди

Блонди конечно вклопува партнерство со Туко и го остава во пустина без вода. Туко преживува и одлучува да му се одмазди на бившиот партнер.Наидува на Блонди и почнува да го брка низ пустината во Њу Мексико. Пред да ја поминат, наидуваат на побегната кочија полна со мртви јужни војници. Бил Карсон, човекот кој знае каде е скриено богатството, умирајќи од жед, му вели на Туко дека ќе му ја открие локацијата ако му донеси вода. Додека Туко оди по вода, Карсон за момент пред смртта го открива името на Блонди во гробот каде што е закопано богатството. Облечени во униформа на мртви војници, Туко и Блонди, стигнуваат во блискиот католички манастир, кој води до братот свештеник на Туко. Додека Блонди оздравува, Туко и неговиот брат Пабло се караат околу животните грешки на Туко. Напуштајќи го манастирот, двајцата мажи, сѐ уште облечени во војнички униформи, ги апсат војниците на Унијата и ги водат во логорот на заробените. Лошиот ги следел трагите на Бил Карсон и се представил во логорот како свештеник на Унијата.

Туко

Лошиот и неговиот колега Валас го претепуваат и го мачат Туко сè додека тој не го открива името на гробот. Кога Лошиот сфаќа дека единствено Блонди знае во кој гроб се наоѓа богатството, ја менува тактиката. Му нуди партнерство, и заедно со пет или штест други убијци, тргнува во потрага за богатството. Туко бега од возот во кој требаше да биде префрлен од логорот и го убива Валас. Во најблискиот град, Туко наидува на ловец на уцени, кој го рани на почетокот од филмот, а кој бара одмазда. Додека Туко го убива ловецот, Блонди, кој се наоѓа во истиот град со Лошиот, го препознава звукот на пиштолот на Туко, го пронаоѓа, па и двајцата го обновуваат старото партнерство. Заедно ја убиваат бандата на убијци на Лошиот, но само Лошиот побегнува.

Туко и Блонди наидуваат на битка помеѓу војската на Унијата и Конфедерацијата на мостот. Бидејќи гробот кој го бараат е на другата страна на мостот, одлучуваат да го уништат и да ги натераат војниците да се борат некаде на друго место. Додека поставуваат динамит, Туко открива дека гробот кој го бараат се вика Тажен Рид, а Блонди дека името кое го бараат е Арк Стантон. Од другата страна на реката, Туко го напушта Блонди и конечно наидува на блиските гробишта. Туко започнува да го бара гробот на Арк Стантон. Конечно го пронаоѓа, но пред што ќе започне да копа, доаѓа Блонди и му го става пиштолот на челото, а него самиот пиштол му го прислонува Лошиот, кој конечно ги пронајдил. Меѓутоа, Блонди открива дека во гробот на Арк Стантон има само костур. Блонди тогаш ги одведува тројцата мажи на празно седиште на гробот. Го пиши правото име на гробот, става камен во средината на гробот.

Драматичната завршница на гробиштата Сенд Хил која резултира со мексиканска престрелка меѓу Блонди, Туко и Ангелски Очи.

Во конечната пресметка на тројцата мажи, Блонди пука во Лошиот, а Туко сфаќа дека пиштолот му е празен, бидејќи Блонди го испразни минатата ноќ. Блонди тогаш открива дека на вистинскиот гроб пишува ‘Неозначено’, веднаш до гробот на Арк Стантон. Туко почнува да од гробот и сфаќа како Блонди стои до него држејќи јаже. После што му го става јажето на неговиот врат, го заврзува на најблиското дрво, а Туко стои нестабилно од едниот гроб. Блонди зема половина од богатството и оди на коњот додека Туко го преколнува за помош. Во драматичниот крај, Блонди се врти и пука во главата на Туко, како што го направи тоа во времето додека беа партнер, го ослободи така и последниот пат.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици