Џеки Браун (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Џеки Браун“ | |
![]() |
|
| Режирано од | Квентин Тарантино |
|---|---|
| Продуцент | Лоренс Бендер |
| Сценарист | роман: Елмор Леонард сценарио: Квентин Тарантино |
| Настапуваат | Пем Гриер Семјуел Л. Џексон Роберт Форстер Роберт Де Ниро Мајкл Китон Бриџит Фонда Мајкл Боувн Крис Такер |
| Монтажа | Сели Менке |
| Дистрибутер | Miramax Films |
| Премиера | 25 декември, 1997 |
| Времетраење | 154 мин. |
| Држава | САД |
| Јазик | англиски |
| Буџет | $12,000,000 |
Џеки Браун е крими филм од 1997 напишан и режиран од Квентин Тарантино.
Сценариото е напишано според романот Рум пунч на американскиот романописец Елмор Леонард. Иако Тарантино има направено значајни промени во приказната и ликовите, филмот сепак позајмува значаен дел од содржината на романот. Пем Гриер ја толкува Џеки Браун, средовечна стјуардеса која е придобиена од агентот Реј Николете (Мајкл Китон) за да помогне да се фатат Ордел Роби (Семјуел Л. Џексон) и неговите соработници кои криумчарат оружје.
Во стилот на Тарантино, филмот изобилува со насилство и профаности иако голем дел од насилството не се гледа на екранот. Треба да се забележи ангажманот на Пем Гриер и Роберт Форстер, актерски ветерани на кои овој филм им помогнал да ги ревитализираат своите кариери. Роберт Де Ниро и Мајкл Китон иако биле ѕвезди добиле споредни улоги. Филмот, во некоја мерка е омаж на „блексплоатациски“ филмови од минатото, каде Гриер често глумела. Музиката на филмот исто така потсетува на тој жанр. Филмот бил прифатен од критиката, каде Форстер заработил номинација за „Оскар“, а Џексон и Гриер биле номинирани за „Златен глобус“.
[уреди] Plot
Поставен во Лос Анџелес во 1995 година, Џеки Браун (Пем Гриер) е стјуардеса во мала мексиканска авио компанија, последниот пад во нејзината кариера во авионската индустрија. Покрај ниската плата, нејзината работа и овозможува да криумчари пари од Мексико во САД за Ордел Роби (Семјуел Л. Џексон), шверцер на оружје под присмотра на полицијата.

