Неславни копилиња
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Неславни копилиња (Inglourious Basterds)“ | |
Официјален постер |
|
| Режирано од | Квентин Тарантино |
|---|---|
| Продуцент | Лоренс Бендер |
| Сценарист | Квентин Тарантино |
| Настапуваат | Бред Пит Мелани Лорент Кристоф Валц |
| Кинематографија | Роберт Ричардсон |
| Дистрибутер | Universal Pictures The Weinstein Company |
| Премиера | 19 август 2009 |
| Времетраење | 153 мин. |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | $70 милиони |
| Бруто заработка | $179,085,005 (моментално) |
Неславни копилиња (англ. Inglourious Basterds) е американски драмски-воен филм од 2009 год од маестралниот режисер Квентин Тарантино (Евтини приказни, Убиј го Бил и др.). Филмот започнува како посвета на шпагети-вестерните и неизбежната музика на Ени Мориконе, но не се случува за време на Дивиот Запад, туку во светот на алтернативната Втората светска војна, баш онаква каква постои само во имагинацијата на Квентин Тарантино. Филмот е посвета и на експлоатациските филмови па има и доста сцени во кои одредот на еврејски одмаздници ги убиваат Германците, ги скалпираат во живо, така што еврејските критичари се побунија поради тоа што во филмот тие се претставени како нацистите.
Тарантино исто така е познат по својата разноврснот во ликовите, па така одредот на Гадовите го предводи јужно индијанската крв (Бред Пит со затегнат наглас), а тука се и почитуваните Германци, францускиот црнец, и германската и француско-еврејската femme fatale. А да не спомнуваме дека во филмот гостува и Мајк Маерс, како британски генерал. Но, над сите овие се истакнува Кристоф Волц, кој го игра шармантниот и злобниот есесовец. Неговиот лик Ханс Ланд за кој Тарантино вели дека ’можеби е и најдобриот лик кој го створил’, а Валтц го игра со толкаво уживање што успеа да ги фасцинира и оние кои мразат филмови. Публиката и критичарите веќе го фалат и бараат за него Оскар, и сè повеќе го споредуваат со Леџеровиот Џокер.
Филмот најпрво својата премиера ја доживеа на Канскиот Филмски Фестивал, а подоцна во месец август ја имаше својата светска премиера, каде што забележа одлична заработка во кино благајните, но пред сè одличните коментари од критичарите а и од публиката.
Содржина |
Кратка содржина[уреди]
Франција, за време на германската окупација за време на Втората светска војна. Германскиот водач на Советскиот сојуз, Ханс Ланд ја убива цела фамилија на младата Еврејка Шосан. Таа после тоа оди во Париз каде добива нов идентитет и станува сопственичка на кино. Поручникот Алдо Рејн организира група еврејски војници кои се ангаржирани да извршуваат акции во позадина и да вршат тероризам врз нацистите. Во одредот наречен „Гадови“ се придружува и германската агентка Бриџет вон Хамерсмарк која им помага во мисијата на нападите на лидерот Рајх. Но, во нивниот план се меша и Шосан, која во своето кино добива прилика да изведе сопствена одамзда над нацистите...
Улоги[уреди]
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Бред Пит | Алдо Рејн |
| Мелани Лорент | Шошана Драјфус |
| Кристоф Волц | Ханс Ланда |
| Илај Рот | Дони Доновиц |
| Мајк Маерс | Ед Фенеч |
| Мајкл Фасбендер | Арчи Хајкокс |
Награди и номинации[уреди]
Златен Глобус 2010[уреди]
- Најдобар филм номинација
- Најдобар режисер (Квентин Тарантино) номинација
- Најдобар спореден актер во филм (Кристоф Валц) номинација
- Најдобро филмско сценарио (Квентин Тарантино) номинација
Надворешни врски[уреди]
|
|||||||||||
