Категорија:Периоди во археологијата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Археолошките временски периоди се класифицирани со оглед на огромниот временски дијапазон кој е опфатен со археолошки истражувања.

Праисториската археологија, на пример, го проучува временскиот период од најстарите регистрирани материјални остатоци, односно култури, до појавата на првите пишани документи во одредени култури. Во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, енеолитот бронзеното и железното доба.

Протоисториска археологија исто така се занимава со проучување на археолошки документирани култури за кои нема директни пишани траги, туку се спомнуваат во историските документи од истовремените култури или содржат елементи на контакт со тие култури (бронзено доба и железно доба).

Како последица на географската распространетост на остатоците од материјалната култура од разни периоди, се создала потреба да се издвојат посебни географски области на проучување (на пр. aфриканска, азиска, австралиска) и др.

Поткатегории

Оваа категорија ги содржи следниве 7 поткатегории од вкупно 7.

Б

Д

Е

Ж

К

П

П продолжува