Бешичко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бешичко Езеро
Λίμνη Βόλβη
Бешичко ЕзероΛίμνη Βόλβη -
Место Солунска околија
Координати 40°40′54″ СГШ 23°28′02″ ИГД / 
Површина на сливот 1.247 км²
Земји во сливот Егејска Македонија (Грција)
Макс. должина 21,50 км
Макс. ширина 6 км
Површина 70 км²
Макс. длабочина 22,3
Водна зафатнина 0,94 км³
Надм. височина на површината 37 м

Бешичкото Езеро (во постари извори наречено „Бешикско Езеро“; грчки: Λίμνη Βόλβη, Лимни Волви) — езеро во Егејска Македонија (денес во Грција), дел од групата на егејските езера. Се наоѓа на 40 км североисточно од Солун. Водниот слив опфаќа површина од приближно 1.247 км².Нивото на водата се менува во зависност од сезоната и врнежите. Водата се користи главно за наводнување и риболов.

Езерото е наречено по околните населени места: Голем Бешик (Мегали Волви) и Мал Бешик (Микра Волви).

Општината околу езерото се нарекува Бешик (Βόλβη).

Флора[уреди]

Езерото е богато со различни водови фитопланктон. Шумите около него се дабови, има и повеќе градини со овошја.

Фауна[уреди]

Во езерото живеат 29 видиви риби,една од нив ендемична. Водоземните се барем 5 видови, а во и околу езерото се среќаваат 34 видови цицачи.Богатсвото на птици е презентирано со повеќе од 200 видови.Поважни што гнездат се:

Исто така езерото е важно место за прехрана на: розов (обичен) пеликан (Pelecanus onocrotalus; макс. 550 двојки) во летото, како и белоглав (кадроглав) пеликан (Pelecanus crispus; 50+ двојки) за време на миграција. Зимно време можат да се видат цуцулест нуркач (Podiceps cristatus; 11.000 единки), црноврат нуркач (Podiceps nigricollis; 100+ единки), кафеноглава потопница (Aythya ferina; 30.000 единки), лиска Fulica atra; 20.000 единки) и понекогаш синоклунеста патка (Oxyura leucocephala)[1]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]