Дешатски езера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Глетка од Северното и Јужното Гашово Езеро на падините на Дешат
Езерото Локув
Самево Езеро меѓу народот познато како Езерче

Дешат претставува планина во западниот дел на Македонија. На нејзиното било постојат неколку леднички (леднички) езера.[1]. Со исклучок на езерото Локув кое се наоѓа во горскиот појас меѓу густа букова шума на 1565 метри надморска височина, речиси сите останати езера се наоѓаат над горскиот појас во голиот дел на билото над 1800 метри. Повеќето езера се полнат со вода од топењето на снеговите и мразот, а дел и од сопствени подземни извори. Најголем дел од езерата истекуваат во мали потоци, кои се влеваат во реката Радика.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Василески, Д.(2008): Планински езера на Дешат - Lakes on mauntain Desat. АД НАпредок, Тетово;