Островско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Островско Езеро
Островско Езеро - Поглед на Островското Езеро
Поглед на Островското Езеро
Координати 40°45′ СГШ 21°47′ ИГД / 
Земји во сливот Грција
Макс. должина 14,8 км
Макс. ширина 6,9 км
Површина 54,31 км²
Макс. длабочина 70 м
Надм. височина на површината 543 м
Населени места Острово, Пателе
Поглед на Островското Езеро од планината Ниџе

Островското Езеро (грч. Βεγορίτιδα, Вегоритида) — езеро во Егејска Македонија, Република Грција, дел од групата на Егејските езера. Понекогаш се среќава и со името „Езеро Св. Панталејмон“.

Езерото зафаќа дел од териториите на префектурите Лерин и Постол. Во североисточниот дел на Островската Котлина меѓу планините Ниџе на север и Каракамен на југ. Надморска му висина изнесува 543 м. Тоа е едно од најдлабоките езера во Грција. Неговата површина е многу намалена по изградбата на две хидроцентрали кај Суровичево и Техово, така што денес неговиот југозападен дел е наполно пресушен. Езерото се полни од Петерското Езеро, западно од него, како и од реките Биралска, Ословска и Делова (Аспропотамос) и некои други помали рекички.

Кај Островското Езеро са наоѓаат градот Острово (Арниса) и село Чеган од неговата северна страна, село Пателе (Агиос Пантелејмонас) од западната и селата Колачка (Мањаки), Укелмеш (Фаранги) и Кочана (Переа) од источната.

Фауна[уреди]

Островското и Петерското Езеро сочинуваат заеднички екосистем, во кој живеат повеќе од 130 видови птици, цицачи како и видри и уникатни видови риби како Coregonus lavaretus. На овој простор е живеалиште и на ретки и загрозени видови птици.

Тука се гнездат:

Пошироко кај езерото исто така гнездат:

Можат да се забележат и:

Меѓу водните птици можат да се видат:

Надворешни врски[уреди]