Бутковско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бутковско Езеро
Λίμνη Κερκίνη
Бутковско ЕзероΛίμνη Κερκίνη - Поглед на Бутковското Езеро
Поглед на Бутковското Езеро
Координати 41° СГШ 23° ИГД / 
Тип вештачко (проширена бара)
Главен прилив Струма
Главен истек Струма
Земји во сливот Грција (Егејска Македонија)
Макс. должина 17 км
Макс. ширина 5 км
Површина 109,96 км²
Макс. длабочина 35,5 м
Надм. височина на површината 35 м

Бутковско Езеро (грч. Λίμνη Κερκίνη, Лимни Керкини), е езеро во Егејска Македонија, дел од групата на Егејските езера.

Езерото се наоѓа кај селото Бутково (Серско). Според историските податоци, во антиката се нарекувало Прасида, а во неговата околина живееле Пајонци. Херодот зборува за нивните наколни населби во езерата Бутково и Тахино.

Географија[уреди]

Езерото се наоѓа меѓу планините Беласица и Круша, во северниот дел на Серското Поле.Претставува котлина на текот на реката Струма. Порано било големо блато, но во 1932 г. неговата површина е зголемена со преградување на источниот и јужниот дел.Во 1982 г. браната е зголемена, со што се зголемило и нивото на водата за 4-8 м. Северниот дел е блатест со просторна пловна вегетација. Опколено е од ниви, плантажи со тополи и ридови, покриени со листопадни шуми. Прогласено за природен резерват.

Хидролошки податоци[уреди]

Друг поглед на Бутковското Езеро

Се наводнува главно од реката Струма, како и од неколку мали рекички од Беласица и Круша. Езерото постојано ја менува големината во зависност од сезоната и врнежите.

Флора и фауна[уреди]

Рибарски чамци на езерото

Гнездење[уреди]

Кај езерото гнездат следниве птици:

Во околните шуми гнездат: црна луња (Milvus migrans), орел змијар (Circaetus gallicus), јастреб краткопрст (Accipiter brevipes), мал креслав (пегав) орел (Aquila pomarina), џуџест (мал) орел (Hieraaetus pennatus).

Преселници[уреди]

За време на преселбите се среќаваат: цуцулест нуркач (Podiceps cristatus), розов (обичен) пеликан (Pelecanus onocrotalus) (100+), жолта (гривеста) чапја (Ardeola ralloides) (1.500), мала бела (сребреникава) чапја (Egretta garzetta) (3.500), црн штрк (Ciconia nigra) (макс. забележан број 30), модронога сабјарка (Recurvirostra avosetta) (2.900), бојник (Philomachus pugnax) (5.000+) и црноопашна блатарка (Limosa limosa) (8.000) .

Презимување[уреди]

Крај езерото презимуваат следниве птици: голем корморан (Phalacrocorax carbo sinensis) (2,400), мал корморан {Phalacrocorax pygmeus) (3.000), белоглав (кадроглав) пеликан (Pelecanus crispus) (600), голема бела чапја (Egretta alba) (1,100), белочелна (лисеста) гуска (Anser albifrons) (300+), обична (дива) гуска (Anser anser) (200+), патка берија (Anas crecca) (макс. 40.000), дива патка (Anas platythynchos) (макс. 31.000). мала белочелна гуска (Anser erythropus) и пепелав (сив) жерав (Grus grus).

Надворешни врски[уреди]