Корапски езера — неформално име за ледничките езера на планината Кораб во Западна Македонија. Од нив, на територијата на Република Македонија има 8 постојани и 10-тина повремени, додека нешто помал број има на албанската страна.[1] Попознати од нив се:
Најпознато е секако Големо Корапско Езеро, кое се наоѓа на 2500 м надморска височина веднаш под самиот врв Голем Кораб, поради фактот што претставува највисоко ледничко езеро, како и највисока водена површина во Македонија воопшто.
По површина убедливо најголемо е Грамското Езеро на албанската страна. На таа страна езерата се многу поголеми отколку на македонската, но тие езера лежат и на помала надморска височина во однос на оние на македонската страна.
↑Василески, Д. (1995): “Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанокот на езерските басени”, Географски разгледи, кн.30, Скопје;