Владовско Езеро

Координати: 40°48′14″N 21°56′53″E / 40.8038° СГШ; 21.9480° ИГД / 40.8038; 21.9480 (Владовско Езеро)
Од Википедија — слободната енциклопедија
Владовско Езеро
Τεχνητή Λίμνη Άγρα
Поглед на езерото и брегот
Карта
Владовското Езеро на карта
ПодрачјеВоденско, Егејска Македонија
Координати40°48′14″N 21°56′53″E / 40.8038° СГШ; 21.9480° ИГД / 40.8038; 21.9480 (Владовско Езеро)
Главни приливир. Вода
Сливни земјиГрција
Површина&100000000000000059699995,97 км2
Надм. височина470 м
Населени местаВладово, Гугово, Нисија

Владовско Езеро (грчки: Τεχνητή Λίμνη Άγρα, Агра) — вештачко езеро на реката Вода, 6 километри западно од градот Воден, Егејска Македонија. Претставува еколошки важно блатно подрачје, во кое се застапени преку 250 видови птици.[1]

Езерото по облик е долгнавесто и извиено во правец исток-запад и зафаќа површина од 5,97 км2. Недалеку на југозапад се наоѓа природното Островско Езеро, од кое зависело како спореден дотек сè до 1990 г.[2] Најблиски населени места во крајезерското подрачје се Владово (Аграс) во источниот, Гугово (Врита) во југозападниот и Нисија (Ниси) во северниот дел.

Изградба[уреди | уреди извор]

Езерото е изградено во 1955 г.[3] и наречено по селото Владово крај патот од Лерин за Воден, во чија близина е браната. Со потопувањето на земјиштето се изгубени најплодните 505 хектари земјиште, кое државата го откупувала од селаните по мошне ниски цени (4000 драхми за декар) и го исплаќала со години.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ορνιθολογική, τεχνητή λίμη Άγρα
  2. Владовско Езеро - Гугово - Нисија — Туристички портал на Воден (грчки)
  3. Ελευθεροτυπία, Ταμιευτήρες ζωής οι υγρότοποι
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 44.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]