Гугово

Координати: 40°47.93′N 21°54.93′E / 40.79883° СГШ; 21.91550° ИГД / 40.79883; 21.91550
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гугово
Βρυτά
Гугово is located in Грција
Гугово
Гугово
Местоположба во областа
Гугово во рамките на Воден (општина)
Гугово
Местоположба на Гугово во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.93′N 21°54.93′E / 40.79883° СГШ; 21.91550° ИГД / 40.79883; 21.91550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Површина
 • Вкупна19 км2 (7 ми2)
Надм. вис.&10000000000000500000000500 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно451
 • Густина24/км2 (61/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Гугово (грчки: Βρυτά, Врита, до 1926 година Γκούγκοβον, Гуговон[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 451 жител (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на падините на плнината Ниџе, 15 км западно од градот Воден и 2 км северно од главниот пат од Воден за Острово и Лерин.[3] Североисточно од селото се изворите на реката Вода. Атарот зафаќа површина од 19 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Гугово како бугарско село[4]. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Гугово (Gougovo) е посочено како село во Воденската каза со 15 куќи, с овкупно 64 жители Македонци[5].[6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото има 260 жители, сите Македонци[5].[7]

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Гугово (Gougovo) броело 320 жители Македонци[5] и во него работело бугарско училиште.[8]

Потпаѓање под Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 280 жители[3]. Во 1920 г. евидентирани се 259 жители. Во 1923 г. властите доселуваат десетина грчки бегалски семејства со вкупно 51 бегалец.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Врита. Во 1928 г. во Гугово се евидентирани 523 жители, од кои 14 биле доселенички семејства со вкупно 61 луѓе.[9] Пописот од 1940 дава 556 жители.[3]

Доселените Грци постепено почнале да се иселуваат, чувствувајќи се како туѓи во оваа средина. Последните бегалци си заминале на почетокот на бугарската окупација во Втората светска војна, па така Гугово останало чисто македонско село.

Втора светска и Граѓаска војна[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна селото било под окупација на Бугарија и основана е чета на бугарската паравоена организација „Охрана“.[10] Поради настрадувањето на населението во оваа војна, како и во Граѓанската војна, во 1951 г. населението се свело на 446 жители.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Денес населението на Гугово останува целосно македонско. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 556 446 564 514 514 526 506 451
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гугово, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во селото се одгледува се застапени полјоделството (претежно жито и пченка) и овоштарството. Делумно е развиено и сточарството.[3]

Во 1950-тите селото било значително осиромашено поради експропријацијата на земјиштето за изградба на хидроакумулацијата Владовско Езеро (Τεχνητή λίμνη Άγρα), завршена во 1956 г.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκούγκοβον - Βρυτά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 47.
  4. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 92.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 149.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)