Луковец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луковец
Παλαιά Σωτήρα
Луковец is located in Грција
Луковец
Луковец
Местоположба во областа
Луковец во рамките на Воден (општина)
Луковец
Местоположба на Луковец во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.22′N 22°03.41′E / 40.83700° СГШ; 22.05683° ИГД / 40.83700; 22.05683Координати: 40°50.22′N 22°03.41′E / 40.83700° СГШ; 22.05683° ИГД / 40.83700; 22.05683
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000470000000470 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно0
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Луковец или Старо Луковец — (грчки: Παλαιά Σωτήρα, Палеја Сотира, до 1926 г. Λούκοβιτς, Луковиц[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Денес нема трајни жители (2011). Иако формално постои како село, неговото население по Граѓанската војна е преселено во Ново Луковец на северозапад.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 10 км северно од Воден, на патот за Драгоманци.[3] Лежи на надморска височина од 470 м.

Пред сегашното место, селото било претходни две места, од кои првото било во месноста на Ушанци, а второто во месноста на Тополите кај Пожаренскиот Пат. Првото место е најстаро и датира од пред нашата ера. Двете места се археолошки потврдени. Првото е напуштено поради страв од духови, а второто поради напаст од мравки.

Според географската положба селото зафаќа видно место во овој простор, заради тоа што претставува папочна врска која ги поврзува со патна инфраструктура градовите: на југ со Воденскиот вилает и на север со Мегленската Котлина и гратчето С’ботско.

Селото Луковец има интересна конфигурација на земјиштето, неговиот западен, северозападен и југозападниот предел претежно е пошумен и таа со пошумена површина која изнесува околу 75%. Додека останатата површина од 25% е обработлива, на која се одгледуваат претежно житни култури. Додека источниот предел, североисточниот и југоисточниот предел главно е рамничарски со 75% обработливи ниви,а 25% се мали ритчиња пошумени со разновидна шума: даб, габер, брест, смрека и други грмушести растенија. На обработливите површини покрај житните култури застапени се градинарските и индустриските како на пример: сусамот, конопот и др.

Од географска гледна точка е интересен западниот и југозападниот предел со тоа што тука се наоѓаат трите планински врвови, подредени како на оптегнат конец, почнувајќи од: Кобилица кој е претставен со 649 метри надморска висина, се наоѓа над селото Луковец, кое пак е распослан на надморска висина од 375 метри. Овој врв претставува и војностратегиски објект. Како нај висок врв во Мегленската Област. Во Втората светска војна германските стратези го користеа како објект од кој се контролираат сите настани од воен карактер.

Другите два планински врвови се јужно од Кобилица југозападно од селото: Бомбацина со 592 метри висина и Будим со 592 метри висина. Планинскиот врв Кобилица има карактеристичен облик, со тоа што претставува пресечен конус, има рамна површина која на неговата највисока точка изнесува околу четири декари. Токму овој податок покажува дека овој планински врв да биде искористен како военостратешки објект. Неговата северна страна е густо пошумена со дабова шума од видот облика. Ова северна страна се спушта со косина од 10% сè до Балинов Дол, овој дол продолжува на исток сè до Лошиот Дол северно од селото. На овој теснец 1942 г. е извершена заседа на германскиот конвој од возила. Настанот бил изрежиран од раководството на ЕЛАС, за да ги предизвика германските единици да го запалат селото и да ги стрелаат мажите.

Источната косина на Кобилица е нешто поблага од северната и се спушта да селото, ретко е пошумена, застапени се грмушести шумски растенија: смрека, капина, шипика, трлинка и др, на дел од ова стрмнина подигнати се и лозови насади.

Јужната падина на Кобилица се спушта уште поблаго од претходните, обрасната со многу ниски грмушасти шумски растенија расфрлани овде онде, и е одлична падина за испаша како за синиот така и за крупниот добиток. Ова падина е прилично долга, повеќе од три километри. така што се спушта до Мутруните и Кривите Реки.

Западната падина на Кобилица е нешто слична со северната, и е пошумена со дабова шума од видот благун, жителите на селото овој даб го користат како огревно дрво. Карактерно за ова падина е тоа што спуштајќи се на запад преминува во рамничарски густо пошумен дел со дабова шума, спојувајќи се со атарот на Волкојанево и Кронцелево.

Врвот Бомбацина се издига јужно од селото Луковец со висина од 592 метри нема толкаво значение како Кобилица,и е оддалечено од селото Луковец на 2,5 километри. Северната и западната падина и се густо пошумени со дабова шума, заппадната се спушта со поголема косина од 10% сè до Леските каде преминува во обработливи површини.

Јужната падина е сосема блага косина и после неколку ниви пременува во густо пошумена површина. Источната падина на Бомбацина се одликува со околу 10-постотна стрмнина, спуштајки се источно минува низ Биково Ѓубре сè до Врлија каде се наоѓа рудникот на гранит во месноста Врлија преминувајќи преку џадето во правецот Воден - Луковец.- Будим е нешто југоистчно од Бомбацина, со висина од 592 метри, неговата северна страна е доста стрмна и преминува во амвис, токму тука се наоѓа големиот извор на вода, Главата, Составот на овој планински врв му е од крупен, бел, варовит камен, а неговата површина е обрасната со специфичното повеќегодишно зимзелено растение, се смета како ендемско растение, има среден поголемина лист, мазен и сунѓерест дебел лист издржлив на високи температури. Западната страна се спушта до Касидова Падина, продолжувајќи кон Скрката, кој е предел со густ варовит камен.

Источната падена густо пошумена со дабова шума, спуштајќи се минува преку земјениот пат Црвеникот низ Коската, до патот -Воден - Луковец - Меглен. Во продолжение Широката Орница и така на исток сè до Црешите, а сосема на југоисток се издига висорамнината Гола Глава.

Историја[уреди | уреди извор]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Во османлиските дефтери за немуслиманското население на Воденскиот вилает од 1619-1620 г. селото се спомнува како Лукович со 28 даночни домаќинства.[4]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Луковец (Loucovetz) е село во Воденската каза со 52 куќи сочинети од 280 Македонци.[5][6]

Во 1880 г. леринскиот владика Герман разбрал дека попот Никола во Луковец пеел на македонски, ги одзел словенските црковни книги и ги заменил со грчки.[7] Меѓу 1896 до 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Луковиц имало 300 жители Македонци християни.[5][9] Во 1903 г. селото било чифлик на Демир-бег, кој, според Атанас Шопов, правел приситок врз жителите да прејдат во ислам. Обидот не успеал, но тој прогонил осум семејства, кои се преселиле во Воден.[10]

По Илинденското востание во 1904 г. на големо проработела бугарската пропаганда под водство на Егзархијата.[11] Во 1904 година во Луковец е отворено бугарско училиште.[12] Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Луковец (Lukovetz) има 200 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[5][13]

Во октомври 1910 г. селото настрадала од разоружувачката акција на младотурците. На 24 октомври селото го окупирала војска. Настанала борба во која животот го изгубиле свештеникот Костадин Наумов, Марко Иванов (60 години) со жена му, Григор Иванов, Петко Карабатаков, Доне Мицов и Ристо Петров Беширов.[14]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Втората балканска војна, подрачјето е припоено кон Грција. Во 1913 г. селото броело 219, а во 1920 г. имало 222 жители. Српскиот енограф Боривое Милоевиќ забележува дека во 1921 г. Луково се состоело од 25 македонски куќи.[15] Во 1924 г. властите довеле 22 семејства со вкупно 82 лица грчки доселеници.[16] Така, во 1928 г. населението се зголемило на 384 жители, иако грчките дојденци останале ситно малцинство.

Во 1936 г. грчката полиција во селото наопачки го обесила мештанинот Кољо Марков, ставајќи му варени жешки јајца под мишките. Во 1942 г. селото за малку се спасило од опожарување и стрелање на машкото население од Германците во месноста Вртоп заради извршената блокада и убиените германски војници во месноста Лошиот Дол.

Луковец настрадал во Граѓанската војна и според НОФ во 1947 г. од него пребегале 60 лица. Останатото на селение е привремено преселено во Воден. По нормализацијата изградено е новото село Ново Луковец на 2 км северозападно од старото и населението е префрлено во него.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 431 4 3 0
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

  • Атанас Крстев — револуционер, воденски војвода; водел битка кај Луковец во 1903 г.[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 52.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 270.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 156–157. ISBN 954-8187-21-3.
  7. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 356.
  8. Шалдевъ, Хр (1936). „Екзархъ Йосифъ I за задачата на Екзархията следъ 1887 год“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Илинденска организация. 9 (79): 1. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 150. ISBN 954430424X.
  10. Петров, Петър. Ислямизации в Македония и Одринско по време на Илинденско-Преображенското въстание през 1903 г., Известия на държавните архиви, брой 85-86, 2003, с. 207.
  11. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  12. Младеновъ, Кирилъ (1937). „Една печална тридесетьгодишнина“ (PDF). Илюстрация Илиндень. София: Издание на Илинденската Организация. IX (9 (89): 2. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  13. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 190–191.
  14. Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.
  15. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 24.
  16. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 20 јуни 2012
  17. Николов, Борис Й (2001). Вътрешна македоно-одринска революционна организация: Войводи и ръководители (1893-1934): Биографично-библиографски справочник. София: Издателство „Звезди“. стр. 86. ISBN 954-9514-28-5.