Патичино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Патичино
Άγιος Αθανάσιος
Патичино is located in Грција
Патичино
Патичино
Местоположба во областа
Патичино во рамките на Воден (општина)
Патичино
Местоположба на Патичино во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°50.96′N 21°55.95′E / 40.84933° СГШ; 21.93250° ИГД / 40.84933; 21.93250Координати: 40°50.96′N 21°55.95′E / 40.84933° СГШ; 21.93250° ИГД / 40.84933; 21.93250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Надм. вис.&100000000000010300000001,030 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Патичино (Патичина, Патечино Патечина; грчки: Πάτημα, Патима; до 1926 г. Πάτοτσιν, Патоцин[1]; влашки: Paticina) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на југозападните падини на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 1.030 м, близу некогашното село Турице.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во подалечното минато, селото било македонско, но се распаднало во немирни времиња.[2] Многу подоцна, во втората половина на XIX век Патичино го обновиле Власи-сточари од Епир, кои го откупиле земјиштето од некој турски бег од Ослово.[2]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Пачетин како македонско село.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Патичино живееле 100 Македонци.[5][6]

По Илинденското востание целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Патичин (Patitchin) имало 72 жители, сите Македонци.[5][8]

Според романски извори, Патичино било влашко село[9] и ова се смета за правилно. Единствениот друг извор што дава исправна информација е Милоевиќ (подолу), додека пак бугарските извори го водат како Македонско (секако, нарекувајќи го „бугарско“), несвесни за етничката промена што настанала во минатото.[2]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото било припоено кон грчката држава, кога имало 216 жители. Во 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го завел како влашко село.[2] Во 1920 г. се заведени 325 жители, сите Власи.[2] Селото било под силна романска пропаганда и многу жители во 1925 г. се иселиле во Романија. Поради ова, во 1928 се заведени само 185 жители, а во 1940 г. само 91 жител.[2]

За време на Втората светска војна во 1944 г. селото настрадало од германската офанзива во јануари 1944 г. Во меѓувреме, повеќе семејства се иселиле во Воден и Негуш. Во 1947 г. во Граѓанската војна дошло до присилно иселување на сточарите од Патичино во Воден, кои во меѓувреме го обновиле селото. По нормализацијата на состојбите, жителите не се вратиле и селото денес е во урнатини.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσεγάνη -- Πάτημα
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 55.
  3. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика[се бара извор]
  4. Григоровичъ, Викторъ. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.92.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 149.
  7. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.126.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рз. 190-191.
  9. „Memoriile căpitanului Cola Nicea III“. Архивирано од изворникот на 2013-08-28. Посетено на 2016-03-06.