Дивеч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дивеч е животно ловено за храна или кое не е домашно животно (како срнешко). Дивечот се лови и од спорт.

Видовите и опсегот на животни кои се ловат како дивел се разликува во различните делови на светот. Тука, факторите на влијание се климата, животинскиот диверзитет, локалниот вкус и локално прифатениот став за тоа што може, а што не може законски да се лови. Понекогаш се прави разлика и помеѓу видовите на едно животно, како дива и домашна мисирка.

Обичен фазан, птица насекаде ловена како дивеч

Дивеч по регион[уреди]

Ве некои земји дивечот се класификува во зависност од потребната дозвола за негово ловење, како ситен дивеч и крупен дивеч. Во ситниот дивеч спаѓаат мали животни и птици, како што се зајакот, фазанот, гулабот, гуската и патката. Со дозволата за ситен дивеч можат да се ловат сите такви животни но е предмет на дневни и годишни бројчени ограничувања. Во крупниот дивеч спаѓаат животни како срна, мечка и лос и обично за секое животно треба посебна дозвола. Голем дивеч понекогаш значи исто што и крупен дивеч, но во други контексти значи, големи африкански цицачи (како слонот) кои се ловат главно за трофеј, а не за храна.

Австралија[уреди]

Црвен кенгур

Во Австралија како дивеч се лови:

Африка[уреди]

Африкански бивол

Во Африка се ловат следниве животни:

Некои од овие животни се загрозени или поинаку заштитени, па затоа нивното ловење е забрането.

Во Африка животните кои се ловат за крзно или иворит понекогаш се нарекуваат голем дивеч.

Обединето Кралство[уреди]

Ловни птици на пазар во Лондон

Во Обединетото Кралство дивечот е дефиниран со закон. Такви животни се:

Елени кои се ловат во земјата се:

Други животни кои се ловат во Обединетото Кралство се:

Северна Америка[уреди]

Во САД, Мексико и Канада, најчесто ловен крупен дивеч е еленот. На тој континент за дивеч се смета:

Вирџиниска препелица, важна ловна птица во Северна Америка
Белоопашест елен

Видете исто така[уреди]