Хиена
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Хиени Период: Ран Миоцен - денес |
|
|---|---|
| Дамчеста хиена | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Animalia |
| Колено: | Chordata |
| Класа: | Mammalia |
| Ред: | Carnivora |
| Подред: | Feliformia |
| Фамилија: | Hyaenidae Греј, 1821 |
| Рецентни родови | |
| Синоними | |
|
|
Хиените се членови на мамалиската фамилија Hyaenidae од редот Carnivora. Видовите од оваа фамилија се среќаваат во Африка и Азија, а тие се хиената со линии и кафеавата хиена (од родот Hyaena) и дамчестата хиена (род Crocuta) и хиените од родот Proteles. Мршојадец е, што значи дека се храни со пцовисани животни, но е многу успешен ловец. Таа е дури и еден од врвните предатори во своето живеалиште. Живее во групи - кланови, кои бројат и до 80 членови. Во клановите, женките се подоминантни од мажјаците и тие остануваат во истиот клан целиот свој живот, додека мажјаците заминуваат кога ќе пораснат. За лов, клановите се разделуваат на помали групи, од 3-5 членови, додека поголем плен, како зебри, ловат во поголеми групи.Освен во савани, живеат и во полупустини, честаци, па дури и во планински шуми. Женките котат најчесто две млади, иако може да ги има до четири и ги дојат уште 14-18 месеци. Хиените се познати по нивните гласови, кои наликуваат на кикотење. Меѓутоа, дамчестата хиена произведува низа од различни гласови, кои се користат за меѓусебна комуникација.
Надворешни врски [уреди]
- Ритуал на хранење на хиените во Харар, Етиопија
- IUCN Специјалистичка група за заштита на Hyaendiae
- Хиена: Преглед на дивиот свет од Африканската фондација за див свет
- Robin M. Weare's Hyena pages
- Извадок за хиените од книгата на Ричард Д. Ест "Придружникот на сафари" (ISBN 1-890132-44-6)
- Механизам за вирилизација на женските дамчести хиени in utero
- Еволуција на хиените
- Брз водич - дамчеста хиена
- Хиените - дружељубиви и умни животни