ФК Слога Југомагнат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Не го поистоветувајте со клубот Шкупи 1927.
ФК Слога Југомагнат
Целосно име ФК Слога Југомагнат Скопје
Основан 1927; пред 97 години (1927)
Распаднат 2009; пред 15 години (2009)
Стадион Стадион Чаир
Капацитет 4,500
Претседател Рафет Муминовиќ
Тренер Назми Ајдини
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Гостински дрес

ФК Слога Југомагнат ― поранешен македонски фудбалски клуб од Скопје, создаден во 1927 година. Клубот бил повеќекратен првак на Првата македонска лига и Купот на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот е оформен 1927 година под името „Зафер“, и тоа име го носел сè до 1947 година кога бил преименуван во Слога. По независноста на Македонија и формирањето на 1 МФЛ, клубот станал нејзин член и таму се натпреварувал сè до сезоната 2004/2005 кога го зазел претпоследното место и испаднал од лигата. Своите натпревари клубот ги играл на стадионот Чаир, кој има капацитет од 4500 гледачи, а го делел и со ФК Балкан и ФК Единство. Клупскиот прекар е „Чаирски гулаби“ кој траел сè до 1989, а сè до распадот клупскиот прекар им беше „Шверцерат“ како и навивачите „Шверцери“ кои сега навиваат за духовниот наследник на Слога Југомагнат, ФК Шкупи 1927.

Распаѓање и духовни наследници[уреди | уреди извор]

Клубот бил распаднат во 2009 година, за време на сезоната 2009/10. Потоа, во летото 2012 година, управата на клубот решила да го превземе третолигашот Албарса и го преименила како Шкупи. Откако Шкупи не успеал да обезбеди пласман во Втората лига 2013/14, управата на Шкупи го презела прилепскиот клуб Корзо и го преименила во Шкупи 1927.

Титули[уреди | уреди извор]

Сезони[уреди | уреди извор]

Сезона Лига Куп Европски натпреварувања
Натпреварување О П Н З Д.Г. П.Г. Бод Поз
1992/93 1. МФЛ 34 13 8 13 46 37 34 6.
1993/94 1. МФЛ 30 7 13 10 29 30 27 8.
1994/95 1. МФЛ 30 17 7 6 43 26 58 3.
1995/96 1. МФЛ 28 18 4 6 48 19 58 2. П
1996/97 1. МФЛ 26 13 7 6 42 25 46 3. ВП Куп на победниците на куповите КВР
1997/98 1. МФЛ 25 12 7 6 25 16 43 2. ВП Куп на победниците на куповите КВР
1998/99 1. МФЛ 26 19 3 4 41 12 60 1. ВП Куп на УЕФА 1КВР
1999/00 1. МФЛ 26 18 7 1 55 13 61 1. П Лига на шампиони 2КВР
2000/01 1. МФЛ 26 20 3 3 61 15 63 1. ВП Лига на шампиони 1КВР
2001/02 1. МФЛ 20 6 5 9 18 25 23 5. 1/2 Лига на шампиони 2КВР
2002/03 1. МФЛ 33 15 6 12 62 50 51 5. ВП
2003/04 1. МФЛ 33 17 6 10 69 36 57 5. П
2004/05 1. МФЛ 33 5 2 16 37 80 17 11. ↓ 1/4 Куп на УЕФА 1КВР
2005/06 2. МФЛ 30 11 7 12 35 39 40 5.
2006/07 2. МФЛ 33 12 7 14 48 46 43 6. КВ
2007/08 2. МФЛ 32 13 5 14 36 34 44 8. КВ
2008/09 2. МФЛ 29 17 8 4 31 12 59 2. ↑
2009/10 1. МФЛ ФФМ ја отстранил Слога Југомагнат од првенството

Слога Југомагнат во Европа[уреди | уреди извор]

Сезона Натпреварување Рунда Противник Дома Гости Вкупно
1996/97 Куп на победниците на куповите QR Унгарија Хонвед 0–1 0–1 0–2
1997/98 Куп на победниците на куповите КВР Хрватска Загреб 1–2 0–2 1–4
1998/99 Куп на УЕФА 1КВР Романија Оцелул Галаци 1–1 0–3 0–1
1999/00 Лига на шампиони 1КВР Азербејџан Капаз 1–0 1–2 2–2 (гвг)
2КВР Данска Брендби 0–1 0–1 0–2
2000/01 Лига на шампиони 1КВР Ирска Шелборн 0–1 1–1 1–2
2001/02 Лига на шампиони 1КВР Литванија Каунас 0–0 1–1 1–1 (гвг)
1КВР Романија Стеауа 1–2 0–3 1–5
2004/05 Куп на УЕФА 1КВР Кипар Омонија 1–4 0–4 1–8

Тренери[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]