ФК Тетекс
| ФК Тетекс | |||
| Целосно име | ФК Тетекс Тетово | ||
| Прекар(и) | штофари, бели | ||
|---|---|---|---|
| Основан | 1953 | ||
| Стадион | Градски стадион Тетово | ||
| Капацитет | 15.000 | ||
| Претседател | Стеван Алампиоски | ||
| Тренер | Тони Јакимовски | ||
| Лига | Прва македонска лига | ||
| 2010/2011 | 4ти | ||
|
|
|||
ФК Тетекс е фудбалски клуб од Тетово, Македонија, кој моментално игра во првата македонска фудбалска лига и актуелен шампион во Купот на Македонија. Своите натпревари ги игра на Градскиот стадион во Тетово.
Содржина |
Историја [уреди]
ФК Тетекс е фудбалски тим од Тетово, оформен во 1953 под името ФК Текстилец. Основач на ФК Тетекс е комбинатот Тетекс, па затоа уште се познати под името „Текстилци“. Во почеток ФК Тетекс бил во сенка на ФК Љуботен (оформен во 1919), но со својот успех брзо се искачил на врвот на македонскиот фудбал. Составот на ФК Љуботен претежно беше составен од играчи со потекло од Тетово, додека составот на Тетекс бил составен од играчи од Македонија и од просторите од Југославија. Тетекс моментално игра во Првата Македонска лига, со амбиции да прерасне во стабилен прволигаш кој во иднина ќе игра и во европските купови. Од септември 2008 година ФК Тетекс е со ново раководство откако беше откупен од UFA Media Group предводена од Слободан Вујчиќ - Брацо. Клубот игра на градскиот статион во Тетово (капацитет 15.000). Прекарот на овој клуб е „бели“ поради боите на клубот. На 26 мај 2010 година Тетекс за прв пат стана шампион на Купот на Македонија. [1]
Навивачи [уреди]
Навивачите на ФК Тетекс се познати под името „Војводи“ и групата е создадена во 1988. Тие уште се познати како „Војводи Југ“ бидејќи тие се присутни на јужната трибина на натпреварите каде игра клубот. Боите на оваа навијачка група се бела и сина. Мотото на Војводите е „Со верба во Бог - војводи до гроб“. Официјално мрежно место на навивачите е vojvodi.com.
Состав [уреди]
Моменталниот состав на ФК Тетекс за сезоната 2009/2010 во првата македонска фудбалска лига е:
Стручен штаб [уреди]
| Име | Функција |
|---|---|
| Тони Јакимовски | шеф на стручен штаб |
| Борче Мирчевски | тренер |
| Жарко Стојановски | тренер |
| Дарко Марковиќ | лекар |
| Јовица Илиевски | физиотерапевт |
| Дончо Николовски | физиотерапевт |
Собрание на ФК ТЕТЕКС [уреди]
ФК Тетекс е регистран како здружение на граѓани со кое управува собрание. Собранието на ФК Тетекс го сочинуваат 11 члена меѓу кои: Стислав Симоски,Ѓоко Серафимоски, Љупчо Апостоловски, Бранко Кузманоски, Мирко Јовчевски, Ацо Заковски, Надица Ребула, Васе Спасовски, Драган Живковиќ, Стеван Алампиоски, Јорданчо Сребренов.
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
|