ФК Брегалница Штип
ФК Брегалница | |||
Целосно име | Фудбалски Клуб Брегалница | ||
Основан | 1921 | ||
---|---|---|---|
Распаднат | 2008 | ||
Стадион | Градски стадион Штип | ||
Капацитет | 4,000 | ||
Лига | I лига | ||
2022/23 | 5. | ||
|
ФК Брегалница — поранешен македонски фудбалски клуб од Штип. Клубот последен пат се натпреварувал во Третата македонска фудбалска лига - Исток. Своите натпревари ги играл на Градскиот стадион Штип, кој има капацитет од 4.000 гледачи.
Историја[уреди | уреди извор]
ФК Брегалница била создадена во 1921 година. Првата фудбалска топка во Штип ја донел во 1921 година Васил Вагленарски тогашен студент во Загреб. Како прв официјален натпревар се смета оној што е одигран на военото игралиште на тогашниот 23 пешадиски полг, а потоа натпреварите се играле на Бело брдо.
Од 1922 година до 1928 година одиграни се само неколку натпревари особено од страна на младината.
Во 1928/29 година, името Брегалница се заменува со „Обилиќ “ по барање на тогашната власт.
Во 1932 година дошло до повторно основање на Брегалница и тоа од составот на играчи од Обилиќ, Ѓачки и Ш.С.К и неколку играчи од Југовиќ од Ново Село. Финансирањето на Брегалница како и на останатите екипи од Штип беше самостојно, од страна на играчите, од фудбалските симпатизери и од доброволните прилози на трговците и занаетчиите[1].
Во својата историја, Брегалница има настапувано во Втората југословенска лига. По стекнувањето на независноста на Македонија, Брегалница станала член на Првата македонска фудбалска лига, но истата сезона (1992/93) таа испаднала од Лигата. По неколку сезони минати во второлигашка конкуренција, клубот повторно се вратил во Првата лига, во сезона 1996/97 и во сезона 1997/98, во која по одиграни 13 кола, се откажал од Лигата. Потоа настапил црн период за клубот, кој во сезоната 1999/00 испаднал од Втората фудбалска лига и неколку сезони играл во Третата лига - Исток.
Во летото 2008 година, ФК Алумина (тогашен второлигаш) била преземена од управата на Брегалница. Оттогаш името на Алумина било сменето во Брегалница 2008. Првичната Брегалница била распадната.
Навивачка поддршка[уреди | уреди извор]
Навивачката група на штипска Брегалница го носи името Фаланга и е навивачка група на актуелната Брегалница 2008.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- ФК Брегалница - блог Архивирано на 30 март 2008 г.