Фудбалската сезона 2005/2006 била четиринаесеттото по ред фудбалско првенство во првата лига на Република Македонија. Шампион во таа сезона бил ФК Работнички Кометал и со тоа обезбедил место во првата рунда од квалификациите за УЕФА лига на шампиони. Второто место го освоила ФК Македонија Ѓорче Петров со што освоила место во првата рунда од квалификациите на УЕФА купот, а третото место го освоил ФК Вардар со што се квалификувал во интертото купот. ФК Шкендија исто така обезбедила место во квалификациите за УЕФА купот со тоа што била втора во купот на Македонија, но во финалето играла со ФК Македонија Ѓорче Петров која што веќе се квалификувала за УЕФА купот преку освојувањето на второто место во лигата. Испаднале ФК Цементарница 55 и ФК Беласица Герас Цунев.
Конечна табела [уреди]
Ова е конечната табела на шампионатот со можност за сортирање по колона.
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]