Широк Сокак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Широк Сокак
Bitola 2007.JPG
Широк Сокак
Поранешни називи: Маршал Тито
Поштенски број: 7000
Место: Битола, Македонија Македонија
Коодринати: 41°01′44.4″ СГШ 21°20′06″ ИГД / 41.029, 21.335
Од: Плоштад Магнолија
До: Градски Парк

Широк Сокак (познат и како „Битолско корзо“) — најпрометна и најпозната улица во центарот Битола, со бројни дуќани и локали. Денес е строго пешачка улица, а некогаш по неа се движеле и автомобили. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу други кафулиња и клубови. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот. А на самиот крај на Широк Сокак се наоѓа спортската сала Младост и се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до стадионот Тумбе кафе, зоолошката градина и античкото пронаоѓалиште Хераклеја Линкестис.

Во 1904 г. пионерите во киното браќата Милтон и Јанаки Манаки купуваат парцела на Широк Сокак, кадешто во 1905 г. го наместиле фотографското ателје.[1]

Име[уреди]

Официјалното име во времето на Османската империја било „Султание“ или „Хамидие“. Со подпаѓањето на градот во Србија во текот на Меѓусојузната војна во 1913, името на улицата е променето на „Крал Петар“[2] а потоа во времето на комунизмот во Југославија, улицата била наречена „Маршал Тито“.

Наводи[уреди]


Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]