Бобан Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бобан Николов
Лични податоци
Полно име Бобан Николов
Роден на 28 јули 1994(1994-07-28)(29 г.)
Роден во Штип, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Шериф Тираспол Шериф Тираспол
Број 20
Младинска кариера
0000–2010 Брегалница Брегалница
2010–2012 Академија Георге Хаџи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012–2015 Виторул Констанца Виторул Констанца 38 (2)
2015–2017 Вардар Вардар 64 (8)
2018–2021 МОЛ Види МОЛ Види 73 (7)
2021 Лече Лече 15 (0)
2021– Шериф Тираспол Шериф Тираспол 14 (3)
Репрезентација
2010 Македонија Македонија до 17 г. 3 (1)
2011–2012 Македонија Македонија до 19 г. 8 (0)
2013– Македонија Македонија до 21 г. 24 (2)
2016– Македонија Македонија 46 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 август 2015
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 28 март 2017

Бобан Николов (роден на 28 јули 1994 г. во Штип) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Шериф Тираспол и на македонската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Николов започнал да игра фудбал во својот роден град, во клубот Брегалница, и само на 15-годишна возраст се преселил во академијата на прославениот романски фудбалер Георге Хаџи. Откако ги поминал соодветните возрасни категории во Академијата Георге Хаџи, тој потпишал професионален договор со романскиот прволигаш Виторул Констанца.

На 8 март 2013 година, тој дебитирал во дресот на Виторул во романската прва лига, во поразот од 4–1 од Газ Метан Медијаш.[1] Својот прв гол во романската прва лига, Николов го постигнал на 19 мај 2013 година во изненадувачката победа од 5-2 над Стеауа Букурешт.[2]

Во летото 2015 година, Николов потпишал тригодишен договор со Вардар.[3] Во сезоната 2017-2018 Николов бил дел од тимот на Вардар кој успеал да се пласира во групната фаза на Лига Европа, со што црвено-црните станале првиот македонски тим од осамостојувањето кој успеал да го стори тоа.[4][5] Покрај тоа, тој двапати го освоил првенството и еднаш Суперкупот на Македонија со Вардар.

На 18 јануари 2018 година, Николов потпишал за унгарскиот МОЛ Види, порано познат како Видеотон.[6] Одиграл три години за овој клуб, забележал 106 настапи и 11 голови, и во истиот тој период освоил два трофеја со клубот: унгарското првенство и Купот на Унгарија.

На 19 јануари 2021 година, потпишал за италијанскиот клуб Лече, член на втората дивизија.[7] Дебитирал во Серија Б во натпреварот Лече-Емполи 2-2. Во текот на вториот дел од сезоната 2020-2021, Николов собрал 13 настапи во првенството и 2 во плејофот за промоција, но не успеал во главната мисија да му помогне на клубот да избори промоција во Серија А.

На 20 август 2021 година, Николов се преселил во Молдавија каде потпишал за тамошниот шампион Шериф Тираспол.[8] На 15 септември, дебитирал во групната фаза на Лигата на шампионите, влегувајќи на местото на Франк Кастањеда во завршницата од победата со 2-0 на домашен терен над Шахтар Донецк.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Николов е еден од играчите со најмногу настапи (24) за репрезентацијата на Македонија под 21 година и бил еден од најзаслужните за првиот историски пласман на оваа репрезентацијата на Европското првенство за играчи под 21 година 2017 во Полска. Тој ги одиграл сите 10 натпревари во квалификациите за споменатото првенство и играл во трите натпревари од групната фаза на турнирот, во кои Македонија забележала едно реми и два пораза и била елиминирана.

На 29 мај 2016 година, Николов го имал својот прв настап за сениорската репрезентација против Азербејџан во пријателски натпревар одигран во Бад Ерлах, Австрија. На 24 март 2017 година, во својот трет настап за Македонија, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 2-0 против Лихтенштајн.[9]

Во јуни 2021 година, Николов бил повикан во составот на Македонија за Европското првенство 2020.[10] Тој ги започнал првите два натпревари од групната фаза против Австрија и Украина, играјќи надвор од својата позиција на местото десен бек. Конечно, во последниот натпревар против Холандија, појавувајќи се од клупата за резерви во 78-мата минута, тој добил можност да игра во средниот ред. Македонија со три порази била елиминирана уште по групната фаза.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-5-2016 Бад Ерлах Азербејџан Азербејџан 1 – 3 Македонија Македонија Пријателска - влегол во игра 31' добил жолт картон во 82-рата минута 82'
2-6-2016 Скопје Македонија Македонија 1 – 3 Иран Иран Пријателска - заменет 46'
24-3-2017 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 2 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 1
2-9-2017 Хаифа Израел Израел 0 – 1 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - заменет 63'
5-9-2017 Струмица Македонија Македонија 1 – 1 Албанија Албанија Квал. за СП 2018 - заменет 58'
11-11-2017 Скопје Македонија Македонија 2 – 0 Норвешка Норвешка Пријателска - влегол во игра 76'
23-3-2018 Белек Финска Финска 0 – 0 Македонија Македонија Пријателска - влегол во игра 66'
27-3-2018 Аксу Азербејџан Азербејџан 1 – 1 Македонија Македонија Пријателска - заменет 69'
6-9-2018 Гибралтар Гибралтар Гибралтар 0 – 2 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
9-9-2018 Скопје Македонија Македонија 2 – 0 Ерменија Ерменија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 74' добил жолт картон во 84-тата минута 84'
13-10-2018 Скопје Македонија Македонија 4 – 1 Лихтенштајн Лихтенштајн УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - влегол во игра 69'
16-11-2018 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 2 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
19-11-2018 Скопје Македонија Македонија 4 – 0 Гибралтар Гибралтар УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
21-3-2019 Скопје Македонија Македонија 3 – 1 Латвија Латвија Квал. за Евро 2020 -
24-3-2019 Љубљана Словенија Словенија 1 – 1 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 19-тата минута 19'
7-6-2019 Скопје Македонија Македонија 0 – 1 Полска Полска Квал. за Евро 2020 - заменет 62'
10-6-2019 Скопје Македонија Македонија 1 – 4 Австрија Австрија Квал. за Евро 2020 - заменет 67'
5-9-2019 Бер Шева Израел Израел 1 – 1 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 7-мата минута 7' заменет 75'
9-9-2019 Рига Латвија Латвија 0 – 2 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - влегол во игра 75'
10-10-2019 Скопје Македонија Македонија 2 – 1 Словенија Словенија Квал. за Евро 2020 -
13-10-2019 Варшава Полска Полска 2 – 0 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 19-тата минута 19' заменет 88'
19-11-2019 Скопје Македонија Македонија 1 – 0 Израел Израел Квал. за Евро 2020 1 добил жолт картон во 60-тата минута 60'
5-9-2020 Skopje Македонија Македонија 2 – 1 Ерменија Ерменија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 75'
8-9-2020 Тбилиси Грузија Грузија 1 – 1 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - влегол во игра 59' добил жолт картон во 65-тата минута 65'
8-10-2020 Скопје Македонија Македонија 2 – 1 Косово Косово Квал. за Евро 2020 -
11-10-2020 Талин Естонија Естонија 3 – 3 Македонија Македонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 64'
14-10-2020 Скопје Македонија Македонија 1 – 1 Грузија Грузија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 88'
12-11-2020 Тбилиси Грузија Грузија 0 – 1 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 62-рата минута 62' заменет 84'
15-11-2020 Скопје Македонија Македонија 2 – 1 Естонија Естонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - добил жолт картон во 34-тата минута 34'
Вкупно Настапи 46 Голови 4

Титули[уреди | уреди извор]

Вардар Вардар
2015–16, 2016–17
2015
МОЛ Види МОЛ Види
2017-2018
2018-2019

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Boban Nikolov made his pro debut“. macedonianfootball.com. 9 March 2013. Посетено на 6 December 2013.
  2. „Boban Nikolov, primul străin din istorie care înscrie pentru Viitorul“. Digi TV. 19 May 2013. Посетено на 6 December 2013.
  3. Николов и Брдаревски нови засилувања на Вардар[мртва врска] Дневник; 12 јуни 2015
  4. „Вардар избори место во групите од Лига Европа: Фенербахче на колена, македонскиот шампион испиша историја! (ВИДЕО)“. 24fudbal.mk. 24 август 2017. Посетено на 20 август 2022.
  5. „Радувај се Македонијо, Вардар е во Лига Европа! (ФОТО+ВИДЕО)“. sport1.mk. 24 август 2017. Посетено на 20 август 2022.
  6. „Videoton: hivatalosan is bejelentették a macedón középpályást“. Nemzeti Sport. 2018-01-18.
  7. „Nikolov in giallorosso“. 19 јануари 2021. Посетено на 19 јануари 2021.
  8. „Welcome, Boban“. FC Sheriff Tiraspol. 20 August 2021. Посетено на 20 August 2021.
  9. UEFA
  10. „Игор Ангеловски го објави списокот за ЕУРО 202020“. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 22 мај 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]