Ристо Јанков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Јанков
Јанков како репрезентативен голман во 2018 година
Лични податоци
Роден на 5 септември 1998(1998-09-05)(25 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Висина 1.90 м[1]
Позиција Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Политехника Јаши
Број 22
Младинска кариера
0000–2015 Работнички
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015–2022 Работнички 71 (0)
2017Локомотива (позајмица)
2022 Каспиј 2 (0)
2022– Политехника Јаши 12 (0)
Репрезентација
2014 Македонија под 17 години 2 (0)
2015–2016 Македонија под 18 години 3 (0)
2016 Македонија под 19 години 5 (0)
2017–2020 Македонија под 21 година 17 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 април 2023
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 11:32, 20 мај 2021 (UTC)

Ристо Јанков (роден на 5 септември 1998 година) ― македонски фудбалер кој игра како голман за второлигашкиот романски клуб Политехника Јаши.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Јанков бил унапреден во првата екипа на Работнички во 2015 година. Во август 2017 година, тој биле позајмен во Локомотива во Втората македонска фудбалска лига, пред да се врати во Работнички на почетокот на 2018 година.[2] Својот прв сениорски настап за Работнички во Првата македонска фудбалска лига го имал на 24 февруари 2018 година, влегувајќи како замена во 89. минута за Андреј Лазаров, откако почетниот голман Даниел Божиновски бил исклучен. Натпреварот завршил како победа на Работнички со 2–1.[3]

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Во февруари 2021 година, Јанков бил избран да се приклучи на краткиот тренинг камп на репрезентацијата на Македонија во Тренинг центарот „Петар Милошевски“.[4] Следниот месец, Јанков го добил својот прв службен повик за репрезентацијата, како репрезентативец за квалификациските натпревари за Светското првенство ФИФА 2022 против Романија, Лихтенштајн и Германија.[5] Прво бил вклучен на репрезентативната клупа во нивниот натпревар против Лихтенштајн, кој завршил со победа на домашен терен со 5-0.[6] На 20 мај 2021 година, Јанков бил повикан од изборникот Игор Ангеловски да се придружи во репрезентацијата за одложената завршница на Европското првенство 2020,[7] првиот голем меѓународен турнир на фудбалска Македонија.[8]

Почести[уреди | уреди извор]

Работнички

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристо Јанков на soccerway
  2. Tanaskovski, Martin (14 декември 2017). „Работнички раскина со Илиев и Кадриу, а го враќа Јанков“ [Rabotnicki parts ways with Iliev and Kadriu, and Jankov returns]. Gol.mk. Посетено на 3 мај 2023.
  3. „North Macedonia » 1. MFL 2017/2018 » 21. Round » FK Rabotnički – Vardar Skopje 2:1“. WorldFootball.net. 20 мај 2021. Посетено на 3 мај 2023.
  4. „Селекторот Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб организираат мини тренинг камп од 15. до 17. февруари“. Фудбалска федерација на Македонија. 10 февруари 2021. Посетено на Предлошка:Infobox football biography 3. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  5. „Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за почетокот на квалификациите за СП 2022“. Фудбалска федерација на Македонија. 15 март 2021. Посетено на 3 мај 2023.
  6. „FIFA World Cup Qatar 2022 Qualifiers – Europe – Matches – North Macedonia v Liechtenstein“. ФИФА. 28 март 2021. Архивирано од изворникот на 20 мај 2021. Посетено на 3 мај 2023.
  7. „Игор Ангеловски го објави списокот за ЕУРО 2020“. Фудбалска федерација на Македонија. 20 мај 2021. Посетено на 3 мај 2023.
  8. „Georgia 0–1 North Macedonia: Visitors qualify for first major tournament“. BBC Sport. 12 ноември 2020. Посетено на 3 мај 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]