Ѓоко Зајков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓоко Зајков
Лични податоци
Полно име Ѓоко Зајков
Роден на 10 февруари 1995(1995-02-10)(29 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Университатеја Крајова Университатеја Крајова
Број 26
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2014 Работнички Работнички 51 (3)
2014-2015 Рен Рен 0 (0)
2014-2015 Рен 2 Рен 2 15 (0)
2015-2021Шарлероа Шарлероа 39 (0)
2021 Левски Софија Левски Софија 14 (1)
2022-2023 Ворскла Ворскла 14 (0)
2022Славија Софија Славија Софија 6 (1)
2023- Университатеја Крајова Университатеја Крајова 16 (0)
Репрезентација
2012 Македонија Македонија 19 14 (1)
2014-2017 Македонија Македонија 21 24 (1)
2016- Македонија Македонија 25 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Ѓоко Зајков (роден на 10 февруари 1995 година, во Скопје) — македонски фудбалер, играч од одбраната на Университатеја Крајова и на македонската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Скопје во семејство по потекло од Удово, Зајков ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на Работнички. Своето деби за првиот тим го направил во завршницата на сезоната 2011-2012, а во наредните две сезони бил стандарден првотимец на Дебармаалците. Вкупно за Работнички одиграл 51 натпревар и постигнал 3 гола.

На 23 јуни 2014 година, уште како тинејџер на возраст од само 19 години, тој го имал првиот ангажман во странство потпишувајќи тригодишен договор со францускиот прволигаш Рен.[1] Во својата прва сезона во клубот, тој најчесто играл за вториот тим во петтото ниво на францускиот фудбал. Својот прв и единствен настап за првиот тим на Рен го направил на 17 декември 2014, играјќи од почеток до крај во победата на домашен терен со 1-0 над Кретеј во осминафиналето на Лига купот. Следната сезона, тој бил позајмен во Шарлероа, каде одиграл 7 натпревари во белгиското првенство.

Во летото 2016 година, Зајков потпишал траен договор со Шарлероа минувајќи ги таму следните пет сезони од кариерата, но во ниту една од нив тој не успеал да се наметне и да биде стандарден првотимец. Откако му истекол договорот со белгискиот клуб, во летото 2021 година, тој потпишал едногодишен договор со Левски Софија.[2] Дебитирал за бугарскиот клуб на 28 август, во победата на домашен терен над Берое со 2-1. Својот прв гол во дресот на Левски го постигнал на 4 декември, во победата на домашен терен над Ботев со 2-0.[3]

Во јануари 2022 година, Зајков потпишал за украинскиот клуб Ворскла од Полтава.[4]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Зајков играл за репрезентациите на Македонија под 19 и под 21 година, за втората забележал 21 настап и 1 гол вклучувајќи и три настапи на Европското првенство за играчи под 21 година 2017 во Полска.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил во пријателски натпревар против Иран во јуни 2016. Својот прв гол за македонската репрезентација го постигнал во натпревар против Естонија во УЕФА Лигата на нации, на 11 октомври 2020 година.

Во 2021 година, тој бил повикан да ја претставува Македонија на Европското првенство 2020, но не забележал ниту еден настап на турнирот.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
2-6-2016 Скопје Македонија Македонија 1 – 3 Иран Иран Пријателска - заменет 46'
2-9-2017 Хаифа Израел Израел 0 – 1 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 90'
6-10-2017 Торино Италија Италија 1 – 1 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 77'
Вкупно Настапи 19 Голови 1

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички Скопје[уреди | уреди извор]

2013-2014.[5]
2013-2014.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Stade Rennais Football Club - Site Officiel -“. staderennais.com. Посетено на 13 July 2014.
  2. „Левски подписа с Гьоко Зайков“. levski.bg. Посетено на 16 August 2021.
  3. „Зајков стрелец во победата на Левски против Ботев Пловдив“. sport1.mk. 4 декември 2021. Посетено на 5 март 2022.
  4. „Зајков се сели во Украина, потпиша за Ворскла“. mkd.mk. 26 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2022-03-04. Посетено на 4 март 2022.
  5. 5,0 5,1 Zdraveski, Filip (10. 5. 2018). „Gjoko Zajkov“ (англиски). macedonianfootball.com. Посетено на 22. 6. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]