Стефан Спировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан Спировски
Лични податоци
Роден на 23 август 1990(1990-08-23)(33 г.)
Роден во Битола, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ференцварош Ференцварош
Број 4
Младинска кариера
Пелистер Пелистер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2010 Пелистер Пелистер 42 (2)
2010-2013 Борац Чачак Борац Чачак 53 (3)
2012Работнички Работнички 9 (1)
2014 Берое Берое 19 (2)
2015-2017 Вардар Вардар 56 (6)
2017- Ференцварош Ференцварош 12 (2)
Репрезентација
2006 Македонија Македонија 17 2 (0)
2008-2009 Македонија Македонија 19 3 (0)
2009-2012 Македонија Македонија 21 21 (2)
2011- Македонија Македонија 20 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Стефан Спировски (роден на 23 август 1990 во Битола) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Ференцварош и на македонската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Спировски ја започнал својата кариера во екипата на Пелистер, во која го имал своето деби за првиот тим во 2007 година. За Пелистер настапувал две и пол сезони, а во зимскиот трансферен прозорец 2010 година му се приклучил на српскиот клуб Борац Чачак.[1] Своето деби во Српската Супер лига го имал на 20 март 2010, против Јагодина во победата со 1-0 и токму тој бил стрелец на единствениот погодок.[2] На 16 мај 2012, Спировски бил во почетниот состав на Борац во финалето на Купот на Србија, во кое неговиот тим загубил со 2-0 од Црвена Ѕвезда. По завршувањето на сезоната 2011-12 сезона, кога Борац неочекувано испаднал од Суперлигата, Спировски заминал на позјамица во Работнички. До зимската пауза во првенството одиграл 9 натпревари и постигнал еден гол, во победата со 3-1 над Брегалница. Потоа, тој се вратил во Борац за вториот дел од сезоната, играјќи 6 натпревари во кој постигнал еден гол во Српската Прва лига (втора лига по ранг во Србија). За четири години во Борац, вкупно во сите натпреварувања одиграл 60 натпревари и постигнал 2 гола.

На 26 јануари 2014, Спировски потпишал за бугарскиот прволигаш Берое, откако две недели претходно дошол на проби и успеал да го импресионира тренерот Петар Хубчев.[3][4] По потпишувањето на договорот му бил доделен дресот со број 92. Своето деби за старозагорци го направил на 23 февруари во поразот со 3-0 на гостувањето против Литекс. Својот прв гол за Берое го постигнал на 7 мај 2014, во победата над Љубимец со 4-0, со прекрасно изведен слободен удар од голема далечина.[5] Првата сезона во клубот ја завршил со 10 настапи и еден гол. Следната сезона одиграл 9 натпревари во А група и еден во Купот на Бугарија до зимската пауза, во која му бил раскинат договорот.[6]

На 23 декември 2015, потпишал двегодишен договор со екипата на Вардар и избрал да го носи дресот со бројот 8.[7] Својот прв погодок во црвено-црниот дрес го постигнал на 16 мај 2015, во победата на домашен терен над Ренова со 4-1, со која екипата на Вардар станала шампион на Македонија.[8]

На 28 август 2017, Спировски потпишал тригодишен договор со унгарскиот Ференцварош.[9]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој е поранешен репрезентативец на Македонија во репрезентациите под под 19 и под 17 години. Тој исто така има 21 настап за репрезентацијата под 21 година со што се наоѓа на делба на 6. место по бројот на настапи во оваа категорија.[10]

На 10 август 2011 тој го направил своето деби за сениорската репрезентација во пријателски натпревар против Азербејџан.[11] Својот прв гол за македонската репрезентација Спировски го постигнал на 28 март 2017, во победата со 3-0 над Белорусија во пријателски натпревар одигран на Филип II арената во Скопје.[12]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
10-08-2011 Баку Азербејџан Азербејџан 0 – 1 Македонија Македонија Пријателска - влегол во игра 66'
26-05-2012 Леирија Португалија Португалија 0 – 0 Македонија Македонија Пријателска - заменет 53'
29-05-2012 Ешторил Ангола Ангола 0 – 0 Македонија Македонија Пријателска - влегол во игра 46'
15-08-2012 Скопје Македонија Македонија 1 – 0 Литванија Литванија Пријателска - заменет 74'
05-03-2014 Скопје Македонија Македонија 2 – 1 Латвија Латвија Пријателска - влегол во игра 64'
26-05-2014 Куфштајн Македонија Македонија 0 – 2 Камерун Камерун Пријателска -
30-05-2014 Рјети Катар Катар 0 – 0 Македонија Македонија Пријателска -
08-09-2014 Валенсија Шпанија Шпанија 5 – 1 Македонија Македонија Квал. за Евро 2016 - заменет 64'
06-09-2016 Скадар Албанија Албанија 2 – 1 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 -
06-10-2016 Скопје Македонија Македонија 1 – 2 Израел Израел Квал. за СП 2018 - влегол во игра 46'
09-10-2016 Скопје Македонија Македонија 2 – 3 Италија Италија Квал. за СП 2018 - добил жолт картон во 53-тата минута 53'
12-11-2016 Гранада Шпанија Шпанија 4 – 0 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - заменет 60'
24-03-2017 Вадуц Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 3 Македонија Македонија Квал. за СП 2018 - заменет 85'
28-03-2017 Скопје Македонија Македонија 3 – 0 Белорусија Белорусија Пријателска 1 заменет 78'
05-06-2017 Скопје Македонија Македонија 0 – 0 Турција Турција Пријателска - добил жолт картон во 53-тата минута 53' заменет 91'
11-06-2017 Скопје Македонија Македонија 1 – 2 Шпанија Шпанија Квал. за СП 2018 -
Вкупно Настапи 16 Голови 1

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија Вардар[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Спировски продолжува во Борац Чачак
  2. 19.kolo JAGODINA - BORAC 0-1
  3. „Стефан Спировски на проба во бугарскиот Берое“. Архивирано од изворникот на 2017-08-28. Посетено на 2015-02-10.
  4. Македонски национал подписа с Берое
  5. „Ефектен првенец на Спировски за Берое“. Архивирано од изворникот на 2017-08-28. Посетено на 2015-02-10.
  6. Освободеният от Берое Спировски подписа с Вардар
  7. Репрезентативецот Стефан Спировски – најново засилување на Вардар
  8. 16.05.2015 Осма шампионска титула за фудбалерите на Вардар во Македонија[мртва врска] vesti.mk
  9. Спировски официјално претставен во Ференцварош sport1.mk
  10. Stefan Spirovski[мртва врска] at UEFA.com
  11. Damjanović i Spirovski na spisku A reprezentacija Архивирано на 1 октомври 2019 г. at Borac official website
  12. По четири години Македонија врза две победи: Падна и Белорусија со 3-0 (ФОТО+ВИДЕО) ekipa.mk

Надворешни врски[уреди | уреди извор]